Skip to content

Зошто треба да работиме помалку, а повеќе да се посветиме на омиленото хоби?

 

Кога последен пат сте слушнале некој да ви раскажува за неговото омилено хоби?

Eсен е времето за нови активности!

Но… Популацијата во светот се чувствува сѐ повеќе притиснато од временските рамки, што дури се откажуваат од омилените активности и хобија што ги сакаат. Во многу од тековните истражувања на пазарот на трудот, забележано е дека луѓето едвај наведуваат кои им се омилени активности вон работното време, затоа што едноставно – немаат доволно време. Светската статистика вели дека човек во еден просечен свој живот, најдобро е барем 20% од времето да го посвети на барем едно хоби.

Вака од прва, кога ќе помислите на хоби, занимација или некаква активност надвор од работата, колкумина познавате што се посветени на нешто?

 

Тргнeте и од самите себеси. Дали развивате одредени вештини кои можеби утре ќе ви значат подобар живот, збогатување на професијата или едноставно – ослободување од стрес и напнатост, релаксирано дружење со луѓе со сличен интерес како вашиот?

Знаејќи дека многупати паѓаме во „замката“ на долгата работна недела, која освен што нѐ троши физички, ние и по работното време знаеме да заглавиме на мобилните телефони, или гледајќи бесцелно нешто на телевизија. Кога сте во работен однос, тешко е да одржите постојан „креативен адреналин“. Кога сте студент, обврските што ви задава образовниот процес некогаш знаат да бидат исцрпувачки. Но, ако ве интересираат нешта кои ќе ви направат позитивен ментален стимуланс, одберете она што ве прави среќни и градете се себеси во таа насока.

 

Креирајте! наместо само да конзумирате.

 

Кога имате насочена активност, односно хоби, вие го поттикнувате сопствениот раст и прогрес. Хобито е токму таква прилика за да бидете креативни во поле кое е од вашиот интерес. Капацитетите на сите луѓе се различни, но едно е заедничко: кога создавате, смислувате, креирате, вие сте дел од процесот на себенадградба. Наместо тоа бецелно скролање на телефон или заглавување пред телевизор, хобито ви отвора врата ширум нови сознанија кои ќе ви бидат поттик.

 

 

Можеби е време да се преслушате што ви значи, што ви е интерес од секогаш, што е можеби најбарано во мигот на пазарот на овие вештини кои ги нудиме во Скала Школата за дизајн и уметност. Без разлика дали сте на студии или во работен однос, обидете се да си дадете оддишка, да си го одберете омиленото хоби.


Во релаксирана, неформална атмосфера со супер ментори, обуките од нашата Школа можат да ви бидат патека кон нови предизвици и успеси. Почнувајќи од курсевите по фотографија, филм и филмски актер, кроење и шиење, цртање и сликање… Сѐ до  курсевите за од графички и софтверски алатки кои се сѐ популарни: како Adobe Photoshop, Adobe Premier видео монтажаАdobe After Effects – моушн дизајн и анимација и многу други.

 

Секој од нив е со соодветно осмислена програма и е вистинска прилика да отворите ново поглавје од вашиот живот. Не само поради самата активност, туку затоа што социјалниот аспект е клучен фактор за да се чувствувате добро, корисно и исполнето.

 

Ви посакуваме успех што и да изберете!

 

+ + Провери ги нашите едногодишни Академии за дизајн.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: