Skip to content

Курс: Дигитален маркетинг / SEO + Google Analytics

За сите маркетинг ентузијасти кои сакаат да го подобрат рангирањето на својата веб-страница и да ја разберат публиката преку детални анализи!

академија за графички дизајн џолев скала андреј павлов добро утро креативци илустратор

Курс: Дигитален маркетинг / SEO + Google Analytics

Учесниците на курсот ќе научат како стратегиски да управуваат со оптимизацијата на веб-страници (SEO) и да ги анализираат податоците со помош на Google Analytics. Преку практични задачи, ќе се запознаат со клучните аспекти на SEO, како што се истражување на клучни зборови, оптимизација на содржина, линк-билдинг и техничка SEO. Дополнително, ќе ги совладаат основите на следење и толкување на метриките, кои ќе им помогнат да донесуваат информирани одлуки за зголемување на посетеноста и подобрување на видливоста на веб-страниците.

Програмата е осмислена за да ги подготви учесниците за реални предизвици во дигиталниот маркетинг. На крајот од курсот, учесниците ќе можат да креираат оптимизирани стратегии за веб-присуство, да анализираат податоци и да преземаат мерки за подобрување на онлајн перформансите. Завршниот проект вклучува изработка на SEO-стратегија и аналитички извештај, а на учесниците ќе им биде доделен сертификат за успешно завршување на програмата.

Твојата прва скала

Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.

Карактеристики

21.02.2025

21 часа

7 термини

вто. + чет., 17:00 – 19:30

почетни

12

физичко присуство

Да

Да

Можности за финансирање

195€ [плаќање на 3 рати без камата]

Да

Да

10% попуст за уплата на целиот износ

Програма

визуелни уметности - скала скул-џолев

On page + Off page оптимизација; 

Истражување на клучни зборови;

SEO анализа;

Анализа на податоци и увид;

 Поставување цели и следење конверзии;

Напредни аналитички техники.

Trusted by

Наставен тим

милан савов-академија-за-дигитален-маркетинг

Ментор

Милан Савов

Работно искуство:

Милан Савов е магистер по компјутерски инженеринг, CEO и основач на SmartClick – SEO и веб агенција, и ментор на Академијата за дигитален маркетинг во Скала.

Ментор

Горјан Стојановски

Работно искуство:

Горјан Стојановски е специјалист за дигитален адвертајзинг со магистерска диплома по бизнис-администрација. Моментално работи како Performance Marketer во Dineline.

Претходно, Горјан бил COO (Chief Operating Officer) и Business Development Consultant во Distinct каде што се фокусирал на развој на бизнис-процеси за привлекување и задржување на клиенти.

Во периодот од 2014 до 2020 година, Горјан бил коосновач и CEO на OutletON, B2C е-трговска платформа којашто продавала производи од добавувачи во Македонија, Турција и Кина. Под негово водство, платформата обезбедила инвестиција за проширување во Бугарија и Србија, а Горјан успешно го продал бизнисот во 2020 година.

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Скала Академии

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: