Skip to content
елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

Зошто дигиталниот графички дизајн е основа на современата видео-продукција?

Во рамки на предметот дигитален графички дизајн, студентките Елена Иванов и Михаела Матоска реализираа реални проекти кои претставуваат важен дел од првиот семестар на Академијата за видео продукција, нови медиуми + AI.

 

Иако академијата е насочена кон видео, филм и нови дигитални медиуми, наставниот процес започнува со нешто многу поважно: способноста да се изгради јасна визуелна порака преку слика, симбол и композиција.

Токму овие проекти претставуваат прв чекор кон разбирање на визуелните комуникации што подоцна се развиваат во моушн дизајн – една од најбараните професии во креативни индустрии.

 

Зошто студентите на видео академија започнуваат со дигитален статичен графички дизајн?

 

Во првиот семестар студентите учат типографија, фотографија, дигитален графички дизајн, визуелна конзистентност и развој на серии визуелни решенија. Ова претставува основа врз која подоцна се гради моушн дизајн, монтажа и визуелна структура на движечката слика.

Токму затоа овие проекти се клучен дел од првиот семестар. Особено е важно што ваквиот пристап ги развива студентите по видеографија како мултидисциплинарни автори, што директно ја зголемува нивната конкурентност на пазарот. Не е реткост студентите од Академијата за видео продукција својата професионална работа да ја започнат токму како графички дизајнери.

 

Студентски реални проекти: од симбол до визуелен систем

 

Елена Иванов
The Hogwarts Founders

 

ALT TEXT ЗА ФОТОГРАФИИ елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

 

Се одлучив за оваа тема затоа што сакав да создадам дизајн кој ќе го внесе читателот во еден магичен свет и тој свет да го интерпретирам на свој начин. Инспирацијата дојде од основачите на Хогвортс и нивните вредности. Ми беше интересно да ги сведам тие идеи на едноставни симболи и да направам серија што мене би ми го привлекла вниманието кога сум во книжара.

елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

 

При процесот на креирање, се соочив со…
Најголем предизвик ми беше како да го задржам дизајнот минималистички, а сепак доволно препознатлив. Сакав сите корици да изгледаат како дел од иста серија, без да станат премногу слични. Експериментирав со бои, симболи и композиција додека не дојдов до финалниот изглед.

За соработката со менторот…

Менторот Андреј Павлов ми помогна особено околу насоката на дизајнот. Фидбекот беше јасен и конкретен, што ми помогна да разберам кои детали се најважни за конзистентен визуелен систем.
Како влијаеше проектот врз мојот развој…

Проектот ми помогна да размислувам системски, не само за едно решение. Сфатив колку е важно сè да биде поврзано и конзистентно. Исто така ми даде поголема сигурност во препознавањето кога едно решение функционира.

 

Што учат студентите од вакви проекти?

Преку вакви задачи студентите не учат само да користат софтвер, туку учат како се развива визуелна идеја како целина.

Во Академијата за видео продукција, нови медиуми + AI студентите најпрво учат да создадат јасна статична визуелна порака, која потоа постепено ја претвораат во движечка слика.

Во процесот стекнуваат чувство за стилска конзистентност и учат да носат свесни креативни одлуки наместо да се потпираат само на интуиција.

Ова претставува основа за понатамошната работа, каде наставата продолжува со моушн дизајн, видео монтажа, работа со камера, филмска режија и сторителинг, како и развој на содржини (контект креатори) за дигитални платформи.

 

Михаела Матоска
Poet Bakery

 

ALT TEXT ЗА ФОТОГРАФИИ елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

Се одлучив за оваа тема затоа што името „Poet“ за пекара е невообичаено и ми беше предизвик да ги спојам двата света.

При процесот на креирање, се соочив со…
Кога не знам од каде да почнам, земам пенкало и лист и скицирам сè што ми доаѓа на ум. Формата на лепче ме асоцираше на пенкало и така дојдов до финалната идеја. Со самокритика и експериментирање успеав да создадам автентично и невообичаено лого.

елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

За соработката со менторот…
Секогаш кога имав прашања, па дури и надвор од предавањата, Андреј беше отворен за разговор и насока — од критика до избор на финално решение.

Како влијаеше проектот врз мојот развој…

По завршувањето на проектот компјутерот неочекувано ми ги избриша цртежите. Повторно го изработив решението и второто излезе уште подобро од првото. Научив дека понекогаш неуспехот не е крај, туку можност за подобра верзија.

елена иванов студенти академија видео продукција прв семестар скала михаела матоска студенти академија видео продукција прв семестар скала

 

Зошто овие проекти се важни за портфолио?

Секој ваков проект претставува конкретен пример на процес, од идеја до финално решение.
Наместо изолирани вежби, студентите градат портфолио што покажува: идеја, развој, експериментирање, одлуки, финална реализација.

Токму вакви проекти се основа за професионално портфолио во областа на видео продукција, моушн дизајн и нови дигитални медиуми.

 

Погледни ја програмата: Академија за графички дизајн, креативна примена на AI и вузуелни комуникации

Погледни ја програмата: Академија за видео продукција, нови медиуми + AI

 

 

Често поставувани прашања

Кога студентите започнуваат со работа со камера?
Уште во првиот семестар веќе работат со моушн дизајн, монтажа и работа со камера.

Дали овие проекти стануваат дел од портфолиото?
Да. Тие се први професионални примери на визуелен процес и системско размислување.

Сакаш да започнеш кариера во видео продукција и нови дигитални медиуми?
Закажи средба со нашиот тим.

 

 

Сакаш да започнеш кариера

како дизајнер или видеограф?

Закажи средба со нашиот тим

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: