Skip to content
вулнет џелили андреа осман луна димитриевска акдемија за фотографија графички дизјан визуелни комуникации скала

„Животот нема резервни делови“ – Дизајн во функција на општествена одговорност

Ви споделуваме дел од искуството од студентите од Академијата за графички дизјан[види повеќе]: Андреа Осман и Луна Димитриевска и Вулнет Џелили од академијата за фотографија[види повеќе] којшто создадоа заедничко графичко решение со наслов „Животот нема резервни делови“. 

Проектот е дел од активностите на предметот Визуелни комуникации под менторство на Дејан Џолев, а нивната задача како група беше да развијат концепт за фотографија којашто подоцна ќе ја применат во дизајн на постер.

 

Андреа Осман ни сподели зошто нејзината група се одлучиле за оваа тема и идеја…

Јас и Луна претходно работевме на сличен проект (за безбедноста во сообраќајот) и додека седевме заедно со Вулнет и споделувавме за проектот, дојдовме до идејата дека може да се направи нешто повеќе. Многу брзо се согласивме за темата, додаваме сите по некоја замисла, се што ни текна запишувавме и смисливме слоган. Првата замисла беа делови од кола и човечки органи, но со еден brainstorming заедно со менторот Дејан дојдовме до конечна одлука – Срце составено од делови за автомобил.

 

андреа осман академија за графички дизјан скала

Додека пак Луна се надоврза:

 Одлуката беше заедничка и работевме сложно и тимски. Со колешката Андреа веќе имавме искуство со работа на кампања за безбедност во сообраќајот и воопшто немавме тешкотија кога стануваше збор за идеите, одлуките и заклучоците. Фотограф ни беше Вулнет, кој несебично се даде во процесот на фотографирање и со фотографии од автомобилски делови состави срце – метафора на слоганот „Животот нема резервни делови“. 

Клучна улога имаше менторот Дејан кој ни помогна од нашата замисла да стигнеме до конечното решение со одлични сугестии и насоки се со цел да допреме до срцето на возачите!

 

Вулнет Џелили академија за фотографија процес

 

А Вулнет додаде:

Во последно време во Македонија се случуваат сè повеќе сообраќајни несреќи со фатални последици. Преку овој постер сакав да пратам силна порака за вредноста на животот и да ги поттикнам луѓето на поголема внимателност – бидејќи животот нема резервни делови и нема цена.

 

 При процесот на креирање, се соочив со…

Со предизвикот како со графички елемент да ја пренесам тежината на пораката – животот нема резервни делови, за разлика од деловите на еден автомобил кои можат да се заменат. Сакав да создадам постер кој нема само да привлече внимание, туку и ќе предизвика емоција и размислување. Најтешкиот дел беше да го најдам вистинскиот баланс помеѓу симболиката и јасната комуникација. Затоа решив зборот ‘животот’ да го оформам како ЕКГ линија, симболика на срцев ритам, потсетник дека една грешка во сообраќајот може да го прекине ритамот засекогаш. – ни разкажа Луна

 

луна димитриевска академија за графички дизјан скала

 

Андреа сподели:

Има многу прашања, каква типографија да искористам, каков е тонот што сакам да го искомуницирам и пренесам? Дали ми е потребна илустрација, каква би била? Одлучив да не илустрирам бидејки самата фотографија на Вулнет кажуваше доволно. Типографијата ја сменив 100-пати, сметам дека е сериозна тема и дека постерот пренесува многу битна информација, сакав да биде јасно и гласно но не и нападно. 

 

Андреа Осман академија за графички дизајн скала

 

Немав многу тешкотии, бидејќи уште од самиот почеток ја имав јасната идеја – да фотографирам делови од автомобил и од нив да составам форма на човечко срце. Целиот процес течеше природно, бидејќи концептот ми беше близок и значаен, а визијата јасна уште од првиот момент. – истакна Вулнет 

 

Академија за графички дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 


За соработката при процесот, за менторот Дејан Џолев…

Соработката со менторот беше инспиративна и охрабрувачка. Тој ме поддржа да размислувам подлабоко за пораката што сакам да ја пренесам и ме насочи кон технички решенија кои го подобрија финалниот изглед на делото. Благодарен сум за неговата посветеност и професионализам. – потенцираше Вулнет

 

вулнет џелили академија за фотографија скала

Луна Димитриевска пак сподели:

 Во текот на целиот процес, менторот не беше само водич, туку и силна мотивација за мене како дизајнер. Неговата поддршка и верба во нашата идеја ми дадоа поттик да размислувам подлабоко и да бидам посмела во креативниот израз. Со секој негов коментар и насока ми ја зголемуваше  желбата да истражувам и креативно да се изразувам и навистина ми помогна да ја согледам вредноста на пораката што сакав да ја пренесам. Менторот беше повеќе од ментор – беше вистински партнер во нашиот креативен пат.

 

Луна Димитриевска академија за графички дизјан скала

 

Додека пак Андреа Осман се надоврза

Менторот Дејан ни даде многу добар совет и одлично нѐ насочи кон тоа што го реализиравме. Соработката беше директна, лесна комуникација и супер насоки. 

 

 

Академија за фотографија

Закажи средба со нашиот тим.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: