Skip to content
завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

Завршна студентска изложба на Академиите за дизајн во Скала

Завршната студентска изложба на Академиите за дизајн при Школата за дизајн и технологија Скала претставува кулминација на еден интензивен едукативен и креативен процес за студентите. На оваа изложба студентите ги претставуваат своите проекти, идеи и процеси на работа пред јавноста, професионалци од индустријата и љубители на дизајнот.

Изложбата се одржа на 12 септември 2025 година во културниот центар Јадро во Скопје, а поставката беше отворена три дена и привлече голем број посетители. Само на вечерта на отворањето изложбата ја посетија повеќе од 1000 посетители, што ја потврдува растечката улога на дизајнот и креативните индустрии во локалната културна сцена.

На поставката беа претставени повеќе од 500 дела, концепти и креативни процеси создадени од над 150 студенти од генерацијата 2024/2025.

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

 

Што можеше да се види на изложбата

Посетителите на изложбата имаа можност да погледнат широк спектар на студентски проекти од различни области на современиот дизајн. Во рамки на поставката беа прикажани илустрации и визуелни експерименти, кратки филмови и видео проекти, графички дизајн решенија и бренд идентитети, дизајн на мебел и продукт дизајн, како и проекти за ентериерно уредување. Публиката можеше да види и модни креации и модни илустрации, фотографски серии и визуелни наративи, како и работни процеси, технички цртежи и скици кои го откриваат начинот на кој се развиваат идеите.

Овие проекти ја прикажуваат не само финалната форма на дизајнот туку и процесот на размислување, истражување и експериментирање што стои зад секое дело.

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

 

Академии кои учествуваа на изложбата

На завршната изложба беа претставени проекти од студентите на повеќе академии при Скала. Своите дела ги претставија студентите од Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн, Академијата за видео продукција, Академијата за ентериер и продукт дизајн, Академијата за моден дизајн и Академијата за фотографија.

Секоја од овие академии претстави различен пристап кон креативниот процес, а изложбата создаде простор каде различни дисциплини се сретнуваат, комуницираат и се надополнуваат. Ваквиот интердисциплинарен пристап е карактеристичен за современите креативни индустрии, каде графички дизајнери, фотографи, модни дизајнери и ентериер дизајнери често работат заедно на комплексни проекти.

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

 

 

Зошто студентските изложби се важни за младите дизајнери

Завршната студентска изложба не е само презентација на финални проекти. Таа претставува важен чекор во развојот на младите автори. За многу студенти ова е прва можност да го претстават своето портфолио пред јавност, да добијат директна реакција од публиката, да ги споредат своите идеи со работата на колегите и да стекнат самодоверба како автори.

Воедно изложбата функционира како платформа за дијалог меѓу образованието и индустријата, каде што новите генерации на дизајнери ја претставуваат својата техничка и креативна експертиза пред компании од индустријата.

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

 

Импресии од студентите

За студентите подготовката на изложбата беше интензивен и емотивен процес исполнет со многу работа, но и со силно чувство на заедништво.

Иван Стојановски студент на Академијата за Ентериер и продукт дизајн, вели:

„Времето поминато на изложбата беше прекрасно и за мене претставуваше ново искуство. За прв пат изложив свои проекти! Бев пријатно изненаден од посетеноста и позитивните импресии.“

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

Во рамки на изложбата тој претставил еден ентериер и два продукт дизајни.

„Претставив еден ентериер и два продукт дизајни. Најмногу внимание посветив на ентериерот бидејќи беше личен проект за мојот сопствен простор. Сепак особено сум горд на продукт дизајните затоа што ми беа вистински предизвик.“

 

Искуството од изложбата го сподели и Ева Парапански, студентка на Академијата за графички дизајн:

„На изложбата си поминав супер. Имаше толку многу луѓе кои ги погледнаа моите дела, немам зборови да опишам.“

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

Подготовките за изложбата барале многу труд и координација меѓу студентите.
Андреа Осман, студентка од генерацијата 2024/25, го опишува процесот вака:

„Blood, sweat and happy tears! Изложбата ја подготвувавме неколку дена, останувавме и подоцна, но беше забавно. Сите се знаевме, си помагавме и се дружевме. Се вложивме многу за сè да изгледа убаво и скоцкано.“

 

Слично искуство споделува и Марио Ристески студент на Академијата за UX/UI дизајн:

„Завршната изложба ја доживеав како значајно искуство кое ми овозможи да го видам мојот труд во целина и да го споредам со делата на колегите. Атмосферата беше топ, а особено ми значеше дружбата со посетителите.“

 

 

Поглед од основачот на Скала

На отворањето на изложбата присутните ги поздрави и основачот на Школата за дизајн и технологија Скала, Дејан Џолев, кој истакна дека ваквите настани се важен дел од образовниот процес.

„Завршната изложба не е само презентација на студентски проекти. Таа е доказ за процесот на учење, истражување и создавање што студентите го поминуваат во текот на своето образование. За нас е важно студентите да излезат од академијата со портфолио, самодоверба и чувство дека можат да придонесат во креативните индустрии.“

Тој додаде дека ваквите настани создаваат простор за поврзување меѓу студентите, публиката и професионалците од индустријата.

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

 

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

 

Школата за дизајн Скала и креативните индустрии

Школата за дизајн и технологија Скала во Скопје веќе 14 години претставува место каде новите генерации дизајнери ги развиваат своите вештини.

Преку академиите за графички дизајн, ентериер и продукт дизајн, моден дизајн, фотографија, видео продукција, студентите работат на реални проекти, развиваат портфолија и стекнуваат практични знаења потребни за современите креативни професии.

Завршната студентска изложба претставува симболичен момент во тој процес кога идеите што настанувале во студијата, работилниците и училниците стануваат дел од јавниот простор.

завршна студентска изложба во Скала Академија за дизајн во Скопје

 

Простор за идеи, експерименти и нови перспективи

Изложбата уште еднаш покажа дека младите автори носат свежа енергија и нови перспективи во областа на дизајнот и визуелната култура.
Со повеќе од 500 изложени дела и над 150 студенти оваа изложба претставува една од најголемите студентски презентации на дизајн во регионот.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: