Оваа учебна година во Скала предвидено е да се запишат +400 студенти на 11 Академии поделени во 24 групи.
ЗОШТО ДА ЈА ИЗБЕРЕШ СКАЛА:
► [Затоа што нѝ е важно од кого учиш!] Врвен искусен менторски тим составен од професионалци од дејностите и еминентни универзитетски професори, провери веднаш!;
► [Затоа што нѝ е важна социјализацијата помеѓу студентите] Предавањата се со физичко присуство, а во текот на студиите ќе бидеш дел од голем број на настани меѓу кои: презентации на студентски портфолија пред избрани компании; работа на реални проекти, хакатони и конкурси; учество на најголемата студентска изложба, како и активно учество во редакциските тимови на Скала Магазин, стекнувајќи се со практично искуство.
► [Затоа што нѝ е важен амбиентот и техничката подготвеност на просторот] Нашите високи стандарди ги пренесуваме и преку просторот и атмосферата за работа. Дополнително како студент ќе имаш на располагање мултифункционални простории и технички лаборотирии со современа опрема за креирање, иновирање и развој.
► [Затоа што нѝ е важно што ќе научиш] Повеќето од локалните академии се фокусирани на техничкиот дел од изучувањето на дигиталните алатките и намален број на часови. Скала го поддржува концептот на учење преку целиот живот! Ова е важно не само за професионален развој, туку и за личен раст. Затоа нашиот пристап се заснова на методики за постојано учење.
► [Затоа што се грижиме за промоција и поврзување на студентите со индустријата] 1). Скала е во тесна врска со индустријата, што ќе ти овозможи постојана работа на реални проекти. 2). Уште во текот на студиите, твоите проекти ќе бидат презентирани на нашата платформа „Скала магазин“. 3). Дополнително ќе бидеш дел од презентација на твоето портфолио пред избрани компании со цел поврзување за пракса и вработување по завршување на академијата.
★ РАН УПИС ДО 1 АПРИЛ: Заштеди до 500 евра и резервирај си место на време!
АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН [најпопуларна!]
Aкадемијата за Графички дизајн е место кадешто учите сѐ „фром скреч“. Овде немаме строги правила, само силни страни преку методологијата на учење и искуството на менторите. Ова е најобемната академија, а за квалитетот и успехот на студентите распрашај се пошироко.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН
Академијата за UX/UI+ дизајн e создадена за иновативни и интерактивни умови кои ќе креираат веб-страници. Покрај фокусот на дизајн (Figma + Illustrator + Photoshop), уникатноста на оваа Академија е надополнета со Front-End web development, WordPress и SEO, како и предмети за облекување на вашето естетско искуство, што ја прави најобемна и најтемелна на пазарот!
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ [ново!]
Во соработка со Пиксел.
Ентузијастите за дигитален маркетинг отсега имаат нова можност за квалитетна теоретска и практична едукација благодарение на партнерскиот проект на водечката Школа за дизајн и технологија, Скала и компанијата лидер во областа на дигиталниот маркетинг во Македонија, Пиксел. Наставниот план ќе ги опфати сите аспекти на дигиталниот маркетинг, како што се: SEO, SEM, SMM, е-маил маркетинг, контент маркетинг, аналитика и мерење, како и многу други клучни вештини за сеопфатно совладување на предизвиците што ги носи професијата.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
На единствената Академија за ентериер и продукт дизајн ги совладувате сите актуелни апликации за 3D моделирање и дигитално рендерирање, 2D скицирање, 3D печатење… Покрај тоа, особено внимание се посветува на методологиите на дизајн и ликовните принципи. Низ програмата, добивате шанса да влезете во реална работилница и процес на производство.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR) + РЕГРУТАЦИЈА [ново!]
Ние во Скала, го сметаме човечкиот капитал за неопходен елемент во секоја успешна организација. Преку нашата Академија за Човечки Ресурси и регрутација, образуваме наредната генерација на HR стратези и регрутери, инвестирајќи во нивниот професионален развој преку внимателно креирана и најобемна програма на пазарот.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Инспиративна академија за креативци што сакаат да го остварат својот мултидисциплинарен потенцијал. Средина во која може да изберете помеѓу Видеографија, Motion Design, Анимација. Одлична можност за професионална надградба во различни полиња од најбараните професии во креативните индустрии.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН
Академијата за моден дизајн е место каде се соединуваат креативноста и иновативноста. Создаваме шанси за вашата идна професија како моден дизајнер, моделар, костимограф, или стилист во модната индустрија. Учи од лицата кои го „донесоа“ модниот дизајн во Македонија.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА PRODUCT OWNER [супер популарно!]
Доколку не си програмер, а сакаш да бидеш дел од IT индустријата. Оваа Академија е препорачлива за сите лидери, менаџери и визионери. Биди дел од третата генерација продукт оунери и започни кариера во IT индустријата!
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ФОТОГРАФИЈА
Потребите на пазарот диктираат трендови во креативните индустрии, кадешто фотографијата е неизбежен сегмент. На нашата академија единствена по својата исклучителна програма, ќе се здобиете со професионално портфолио и искуство за отворање свои бизниси, студија, но и влез во поширокиот пејзаж на индустријата.
Прочитај повеќе тука.
★ РАН УПИС ДО 1 АПРИЛ: Заштеди до 500 евра и резервирај си место на време!
— —
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ АКАДЕМИИ [тука]
АПЛИЦИРАЈ ЗА СРЕДБА [тука]
контакт: 076 266 740
12 години заедно ♡ SKALA School