★ РАН УПИС ДО 15 МАЈ: Заштеди до 500 евра и резервирај си место на време!
Новата учебна 2023/24 година на Академиите за дизајн стартува со полна пареа! ▼
Во оваа година предвидено е да се запишат 160 студенти во академската 2023/24 на нашите Академии за: Графички дизајн, UX/UI+ дизајн, Визуелни уметности, Моден дизајн и Ентериер и продукт дизајн.
Оваа година воведуваме и еден ексклузивитет и новина: Академија за фотографија! Единствена Академија од овој тип понуди со богата наставна програма.
ЗОШТО ДА ЈА ИЗБЕРАМ ОВАА АКАДЕМСКА ПРОГРАМА?
► [Затоа што ни е важно од кого учите!] Врвен искусен менторски тим составен од професионалци од дејностите и еминентни универзитетски професори;
► [Затоа што ни е важна социјализацијата помеѓу студентите] Предавањата се со физичко присуство, а во текот на студиите се организираат голем број на настани меѓу кои: презентации на студентски портфолија пред избрани компании, учество на најголемата студентска изложба за дизајн, работа на професионални проекти, конкурси, итн.
► [Затоа што ни е важен амбиентот и техничката подготвеност на просторот] Нашите дизајн стандарди ги пренесуваме и преку просторот и атмосферата за работа. Дополнително студентите имаат на располагање современо фото+видео студио, комплетно опремено модно атеље, 3Д принтери и таблети за цртање, работилница за дизајн на мебел, материјали за работа и сл.
► [Затоа што ни е важно да научите да креирате и комбинирате различни медиуми] Повеќето од локалните академии се фокусирани на техничкиот дел од изучувањето на алатките за дизајн, но кај нас фокусот е насочен на методологијата на работа, принципите и теоријата во пракса.
► [Затоа што се грижиме за промоција и поврзување на студентите со индустријата] Уште во текот на студиите, нашите студенти ги презентираат нивните дела преку првата платформа за промоција на млади артисти и дизајн сцена – Skala Magazine, а по нивното завршување сме единствени коишто преку јавни презентации ги спојуваме студентите со компаниите од индустријата каде продолжуваат на пракса.
АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Aкадемијата за Графички дизајн е место каде учите сѐ „фром скреч“. Овде немаме строги правила, само силни страни преку методологијата на учење и искуството на менторите.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН
Академијата за UX/UI + дизајн e создадена за иновативни и интерактивни умови кои ќе креираат веб-страници. Покрај фокусот на дизајн (Adobe XD + Illustrator + Photoshop), уникатноста на оваа Академија е надополнета со Front-End web development, WordPress и SEO.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Инспиративна академија за креативци што сакаат да го остварат својот мултидисциплинарен потенцијал. Средина во која може да изберете Видеографија, Motion Design, Анимација. Одлична можност за професионална надградба во различни полиња од креативната индустрија.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН
Академијата за моден дизајн е место каде се соединуваат креативноста и иновативноста. Создаваме шанси за вашата идна професија како моден дизајнер, моделар, костимограф, стилист во модната индустрија.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ФОТОГРАФИЈА [ново!]
Потребите на пазарот диктираат трендови во креативните индустрии, каде што фотографијата е неизбежен сегмент. На нашата академија единствена по својата исклучителна програма, ќе се здобиете со професионално порфолио и искуство за отворање свои бизниси, студија, но и влез во поширокиот пејсаж на индустријата.
Прочитај повеќе тука.
АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
На единствената Академија за ентериер и продукт дизајн ги совладувате сите актуелни апликации за дигитално рендерирање, 2D скицирање, 3D печатење… Покрај тоа, особено внимание се посветува на методологиите на дизајн и ликовните принципи. Низ програмата, добивате шанса да влезете во реална работилница и процес на производство.
Прочитај повеќе тука.
▼
почеток на настава: 13 окт. 2023
крај на настава: 12 јули 2024
пракса: лето 2024
изложба: сеп. 2024
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ АКАДЕМИИ [ТУКА]
АПЛИЦИРАЈ [ТУКА]
контакт: 076 266 740
11 години заедно ♡ SKALA School