Skip to content
Скала ватердроп академии за дизајн академија за фотографија продукт фотографија

Waterdrop x Skala – симбиоза на иновации

Студентите од aкадемиите за графички дизајн, визуелни уметности и академијата за фотографија добија ексклузивна шанса да бидат водечки креативци на хакатонот за создавање продуктфотографии за светскиот бренд „Waterdrop“! Нивните фотографии ќе бидат првите продуктфотографии создадени од балкански креaтивци за брендот.

Оваа соработка е одличен пример за важноста на партнерствата помеѓу млади креaтивци, студенти и компании со визија. Waterdrop, бренд познат по своите иновативни решенија за хидратација и одржливост, го сподели својот ентузијазам со младите таленти и им даде простор на студентите заеднички да создадaт нешто уникатно.

„Waterdrop“, бренд којшто брзо ја освои глобалната сцена со своите освежувачки коцки за вода, стекна голема популарност и во Македонија.
Со  малите дропчиња полни со витамини, природни екстракти и нула шеќери, Waterdrop не само што го зголемува уживањето во пиењето вода, туку и поттикнува свесна потрошувачка. Со фокус на минимализирање на отпадот и промовирање на циркуларната економија, Waterdrop нуди одржливи решенија за сечија хидратација.

 


Зошто
Скала

Ева Пајковска, генерален менаџер на „Waterdrop“, го водеше брифот до студентите за самиот проект и ни откри зошто ја одбраа токму „Скала“ и студентите од академиите за дизајн за оваа соработка: 

Подолго време ја следам работата на „Скала“ и сум импресионирана од нивниот раст и развој во креативната индустрија. Денес, тие се вистински лидери во својата област, со професионален и иновативен пристап којшто ги издвојува од останатите на пазарот. Нивната способност да комбинираат квалитетна изработка со свежи идеи ги прави идеален партнер за нашиот бренд, а синергијата меѓу „Waterdrop“ и „Скала“ е одлична основа за успешно остварување на проектот.

 

 

Ева Пајковска ватердроп скала

 

Кои се вашите главни цели и очекувања од соработката и што го прави овој проект за изработка на продуктфотографии за „Waterdrop“ уникатен?

Главната цел е да се создадат автентични, високо естетски и професионални фотографии коишто ќе ја отсликаат суштината на Waterdrop – здравје, одржливост и минимализам. Очекувам финалниот резултат да биде не само визуелно привлечен, туку и емотивно инспиративен, носејќи ја пораката на брендот до нашата целна публика. Она што го прави овој проект посебен е и вклучувањето на студентите во самиот процес. Нивната енергија, креативност и свежи идеи додаваат модерен и автентичен аспект на фотографиите. Оваа соработка не само што ја поддржува нивната обука и професионалниот развој, туку и дополнително ја зајакнува вредноста на самиот проект. Ваквиот пристап создава уникатна комбинација на професионализам и иновативност којашто е совршено усогласена со визијата на Waterdrop.– ни појасни Ева

 

 

Ева Пајковска батердроп скала

 

Менторите Дејан Џолев, ментор по предметот Фотографија и Антонио Станков, ментор по предметот Постпродукција на фотографија го водеа хакатонот, па го прашавме Џолев како креативец кој обожува хакатони, да ни открие повеќе.

Хакатоните вклучуваат тимска работа каде што студентите ги применуваат своите знаења, со цел да решат реален проблем или да развијат иновативно решение за реален клиент. Овие целодневни работилници претставуваат значаен дел од образовниот развој на студентите. Тие им овозможуваат да го применат своето знаење, да развијат нови професионални вештини, но и самиот нетворкинг – неформално креативно поврзување и дружење со своите колеги и ментори.

 

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

Слобода во создавањето

Академиите за дизајн ги подготвуваат студентите за реални проекти дури по два месеци настава! Моника Лазаревска студентка на Академијата за графички дизајн ни сподели повеќе за искуството и целиот процес:

Хакатонот Waterdrop беше виор на креативност и учење. Производот на мојата група беше “Berry Boost”, а целта на коцката беше да обезбеди енергетски поттик. 

Брифингот беше јасен и ми се допадна како проектот ни даде целосна слобода да експериментираме со производите. Во демофазата, работевме во училниците на Скала, што значеше импровизирање со ограничени алатки. Групите се состоеја од 3 членови. Секој член имаше 25 минути времетраење да биде фотографот и да ја реализира својата визија. 

Мојот ментор, Дејан Џолев, секогаш беше тука да помогне со совети, охрабрувајќи нè да копаме подлабоко во нашите идеи. Тој нѐ натера да размислуваме критички за тоа како осветлувањето, позадината и реквизитите можат да го истакнат и вкусот и целта на производот. 

Кога дојде денот за хакатонот, веќе имавме јасна идеја кои концепти да ги реализираме. Фотографирањето во студио беше сосема поинакво искуство — динамично, брзо и преполно со енергија. Постојано го менував поставувањето, го прилагодував осветлувањето, менував реквизити и експериментирав со фокусот.

Дури и откако ги направив моите фотографии, не можев да седам мирна. Останав да им помагам на другите групи со нивните поставки, впивајќи колку што можам повеќе од процесот. Единствениот недостаток? Времето леташе премногу брзо, но така е секогаш кога правиме нешто што нѐ исполнува!

 

 

Ристо Толичев од Академијата за фотографија се надоврза: 

Хакатонот за Waterdrop беше суперинтересно и исклучително вредно искуство за мене како почетник. Целиот процес беше доста динамичен, интензивен, но истовремено и многу инспиративен, морам да признам. Едноставно, разбуди во мене интерес за тип на фотографија којашто дотогаш не била дел од моите истражувања и интереси.

 

 

Предизвиците се скалила до успехот во креативниот процес

Моника Лазаревска ни раскажа кои биле најголемите предизвици со коишто се соочила при работа на сетот и како ги надминала со помош на нејзиниот тим и менторите Дејан Џолев и Антонио Станков:

Најголемиот предизвик на хакатонот беше тоа што бев единствената претставничка од мојата група. Хакатонот беше вторпат како ракувам со фотоапарат, па се загрижив дали ќе можам сама да ги реализирам идеите така како што посакував. 

Но, таа грижа ги напушти моите мисли во моментот кога се фатив за работа. Моите ментори, Дејан Џолев и Антонио Станков, ми дадоа неверојатна поддршка. Нивниот совет не беше само технички -ми даде самодоверба да им верувам на моите инстинкти и да ги надминам моите сомнежи.

Моите колеги исто така, се вклучија да помогнат секогаш кога ми требаше, без разлика дали се работеше за прилагодување на светлото, подавање на реквизити или споделување совет. 

Таа комбинација на менторство и тимска работа го претвори она што изгледаше како тежок соло предизвик во еден од моите најгорди моменти. Ме научи дека со правилно водство и визија, дури и големите предизвици можат да доведат до неверојатни резултати. – Моника Лазаревска

 

 

Активно применување на наученото

Студентите учествуваа на сериозен проект по само два месеци од настава, па менторот Дејан Џолев ни сподели како е задоволен од нивната меѓусебна соработка, знаење и ентузијазам.

Секоја фаза е зрела на свој начин, токму со следнава реченица им се обратив на студентите пред почетокот на хакатонот за Waterdrop: „Можеби ќе се запрашате зошто хакатонот се одржува токму сега, кога допрва ќе стекнете нови технички познавања. Но, наместо да се фокусираме на тоа, треба да го прифатиме овој проект како можност да го примениме веќе стекнатото знаење и да се подготвиме за идните проекти каде што новите вештини ќе најдат своја примена.

И секако… Дружбата беше прекрасна. Имавме суперпродуктивен викенд, задоволни студенти и најважно, задоволен клиент! 🙂 – раскажа Џолев

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

За „Скала“…

Академијата не беше ништо помалку од трансформативна. Секој проект, вклучувајќи го и хакатонот Waterdrop, е дизајниран да нѐ турне надвор од нашите комфорни зони и да ни помогне да растеме како креативци.

Она што најмногу се истакнува во Скала е рамнотежата помеѓу учењето и правењето. Тука не станува збор само за предавања или теорија, туку и за примената на она што го учиме во сценарија од реалниот свет. 

Менторите се искрено вложени во нашиот раст, нудејќи конструктивен фидбек, но и слобода да ги изразиме нашите идеи. Хакатонот беше совршениот пример за тоа: менторите беа тука да ме водат кога ми требаше, но исто така ми дадоа слобода да ја преземам одговорноста за мојата визија.

Се чувствувам среќно што сум дел од една таква иновативна средина и едвај чекам да видам уште колку ќе напредувам како графички дизајнер. – истакна Моника за нејзиното досегашно искуство во „Скала

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

 

 

ватердроп скала хакатон продукт фотографии

 

Хакатонот Waterdrop не е натпревар, туку уникатна платформа за студентите да ги применат своите теоретски знаења во динамичен и креативен контекст.
Оваа соработка претставува прекрасен пример за тоа како образовна институција и индустријата можат да создадат вистинска синергија, поттикнувајќи ги младите таленти и креирајќи вредност за сите страни.



×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: