Студентите од Aкадемијата за UX/UI+дизајн успешно ја градат својата кариера како веб дизајнери, а дел од нив денес се и колеги во Vendor – платформата којашто успешно ги решава главните проблеми на е-трговијата.
За искуството во Vendor, соработката со колегите и добрите практики научени од Академијата поразговаравме со Ирина Чабуковска, Ивана Коцева и Марија Бежаноска, студенти на Aкадемијата за UX/UI+ дизајн и Теона Димова, алумни-студент на Aкадемијата за графички дизајн.
Ирина Чабуковска
Разговорот го започнавме со Ирина Чабуковска, која ни сподели повеќе за нејзиното работно искуство како UI/Web дизајнер…
Веќе речиси месец дена сум во Вендор и со сигурност можам да кажам дека ова е одлично искуство.Имам можност да работам на многу интересен проект и да се фокусирам на развојот на истиот. Постојано го применувам искуството од Академијата, за да создадам квалитетни дизајни, подготвена сум да учам и да ги развивам своите вештини на оваа позиција.
Дел од работниот процес на еден веб-дизајнер е барањата на клиентот да ги преточи во функционален, визуелно допадлив и лесен за користење веб-сајт. За искуството и предизвиците како веб-дизајнер, таа ни сподели…
Работата исполнува и стимулира. Во моменти кога се соочувам со проблем, се насочувам кон креативно размислување, планирање и соработка со тимот. Така учам нови работи коишто ми помагаат да ги надминам проблемите.
Низ разговорот, ни посочи и кои се најзначајните научени лекции од Aкадемијата за UX/UI+ и како истите ѝ користат при работата денес…
Научив да истражувам – клучно е правилното пребарување на моменталните трендови и правила во светот на UX/UI. Ja развивав својата креативност и иновативност, а дознав и многу нови алатки коишто ги користам секојдневно и ми се многу корисни за правилна комуникација со мојот тим.
Теона Димова
Покрај Ирина, во Vendor повеќе од една година е и нашата алумни-студентка, Теона Димова. За неа, ова работно искуство е од особено значење и за истото ни сподели…
Кога ќе се сетам на првиот работен ден во ретроспектива, не ни можев да претпоставам дека толку добро ќе се снајдам и ќе уживам во работата!
Работата ми е динамична, несекојдневна. Секој ден е ден-предизвик и токму тоа го барав по завршувањето на Академијата -нешто коешто ќе ме поттикне да пораснам, да се обидам во различни домени на индустријата, а сега, по една година – знам дека ја направив правилната одлука.
Кога со неа се навративме на студентските денови на Академијата за графички дизајн и како ѝ помогна тоа искуство, таа ни сподели…
Ми помогна на многу начини, а најважно беше да се отворам креативно, а со тоа да дојдам чекор поблиску до она што го бараат клиентите. И уживам!
Vendor е платформа којашто преку најнови технологии овозможува креирање на е-продавница за само неколку секунди. Vendor e продукт на компанијата Altius која што повеќе од 8 години изработува дизајни, веб-сајтови и мобилни апликации. Еден од основачите на Altius e Дејан Милосавлески, наш долгогодишен соработник и ментор на Aкадемијата за UX/UI+ кој денес, во соработка со Ирина, Теона и Марија, успешно креира уникатни
e-commerce дизајни за клиентите на Vendor.
Марија Бежаноска
Марија Бежаноска пак, е многу возбудена за новата работа, а веќе 2 недели е дел од тимот.
Си ја сакам работата и уживам во соработката со моите нови колеги и се радувам што придонесувам за успехот на компанијата. Секој работен ден ни почнува со планирање на задачите и ефективна работа во пријатна средина.
За соочувањето со работните предизвици на еден UX/UI+ дизајнер, особено откако завршија студиите, ни сподели…
Предизвиците се постојано тука, а со истите се соочувам преку следење на најновите веб-дизајн трендови и координација со поискусните колеги. Но, ова не би било возможно без искуството коешто го стекнав на Академијата за UX/UI+ дизајн. Преку развивањето и усовршувањето на дизајнерското око и примената на модерните текови во UI-дизајнот, како и градењето работни навики, севкупното искуство на работа е успешно!
Ивана Коцева
Од искуствата на работа, преминуваме на Ивана Коцева која од неодамна започна со пракса во Vendor и соработува со своите колешки од Академијата. За нејзиното едномесечно искуство како практикант, ни сподели ….
Неверојатно позитивно искуство! Од самиот почеток работам на реален проект каде што можам практично да го применам моето знаење и да соработувам со тим од талентирани професионалци. Праксата е одлично искуство. Најзначаен предизвик засега ми е постојаното изнаоѓање креативни решенија за различни проблеми што ми овозможува да ги надградам своите вештини.
Од клупи – на пракса. Што научи од Академијата?
Преку Академијата, стекнав знаења и вештини кои што сега ги применувам секојдневно, овозможувајќиси да напредувам во моите задачи и да придонесам за проектот во кој што сум вклучена. Од сѐ што научив, би ги издвоила лекциите за UX-дизајн и frontend-програмирање, како највредни во мојата сегашна улога.
Девојки, се радуваме на вашите искуства и ви посакуваме уште многу успешни проекти во вашата кариера! Само напред!
Погледнете ја програмата на Aкадемијата за UX/UI+ дизајн, раните уписи се веќе во тек, зграпчи ја можноста, се гледаме на Академија – време е за промени!
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
✰ ✰ ✰