Skip to content
скала академија школа обука дизајн маркетинг

Уписите во Скала започнаа, време е да одлучиш!

Оваа 2025/26 учебна година во Скала има 288 места за студенти на 10 Академии во 17 групи.

 

Во Скала стекнуваш реални вештини, искуство и контакти што ќе ја насочат твојата кариера. Знаењето не останува на теорија, туку се применува уште за време на студиите.

Ако бараш предизвик, учење од професионалци и заедница што е скала пред сите – читај понатаму и откриј зошто ова може да биде клучниот момент за твојата кариера. 

 

Сите академии се наведени подолу во текстот.

 

ЗОШТО ДА ЈА ИЗБЕРЕШ СКАЛА?

Затоа што работиме директно со индустријата

Скала е во постојана врска со компаниите од индустријата, кои ќе ти овозможат да учиш преку работа на реални проекти. Ќе стекнеш искуство уште за време на студиите, ќе ги покажеш своите вештини на вистински клиенти и ќе бидеш дел од „Скала по скала“ – саемот за вработување кадешто компаниите доаѓаат по нашите студенти.

 

Затоа што социјализацијата е исто толку важна колку и знаењето

Студирањето не е само учење, туку и градење контакти и заедница. Ќе бидеш дел од хакатони, работилници, студентската изложба и редакциските тимови на Скала Магазин. Ова не е место каде што ќе седиш пасивно – овде се вмрежуваш, соработуваш и градиш репутација уште од првиот ден.

 

Затоа што важно е од кого учиш

Менторите во Скала не се само теоретичари, туку професионалци што работат во индустријата. Ќе учиш од луѓе што знаат како изгледа реалниот свет, кои работат на проекти, водат компании и создаваат трендови.

 

Затоа што важно е што ќе научиш

Локалните академии најчесто нудат технички вештини со малку часови и погрешна стратегија. Во Скала, методологијата е дизајнирана да те подготви за работа, не само да ти даде основно знаење. Ќе учиш алатки, практична теорија, стратегиско размислување и решавање проблеми – сè што ти треба за личен развој и почеток на кариера.

 

Затоа што средината во која учиш прави разлика

Во Скала ќе имаш на располагање современа опрема, мултифункционални простории, технички лаборатории. Ова е единствениот образовен центар во регионот што е направен за да одговара на реалните барања на креативните и технолошките индустрии.

 

скала ваучер академија за студирање

Заштеди до 800€ и резервирај си место на време. Само уште 17 достапни ваучери! Аплицирај [тука]

 

 

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН [најпопуларна!]

Ако сакаш да започнеш кариера во дизајн, но немаш искуство, ова е вистинското место. Овде нема правила – само креативност, реални проекти и ментори што знаат како се гради успешен дизајнер. Ова е најобемната академија, а ако сакаш доказ – распрашај се за студентите што веќе се дел од индустријата.

Прочитај повеќе тука.

академија за графички дизајн-скала-џолев-уписите започнааФотографиите се изработени од студентите на Скала, во соработка со студенти од генерацијата 2024 кои се појавуваат како модели.

 

АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Во партнерство со Пиксел – лидерот во дигиталниот маркетинг во Македонија. Ова е единствената академија што те подготвува за реалните предизвици во дигиталниот маркетинг – SEO, SEM, SMM, email маркетинг, контент стратегија, аналитика – сè што ти треба за да влезеш во светот на оваа брзорастечка индустрија.

Прочитај повеќе тука.

академија за ux ui дизајн-скала-џолев-уписите започнаа

 

АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН

Внатрешниот дизајн е повеќе од естетика – тој е функционалност, простор, материјал и процес. Овде ќе совладаш 3D моделирање, дигитално рендерирање, 2D скицирање, 3D печатење и ќе имаш шанса да работиш и создаваш продукт дизајн во работилница.

Прочитај повеќе тука.

ентериер дизајн внатрешно уредување мебел продукт дизајн скала академија

 

АКАДЕМИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА, АНИМАЦИЈА И НОВИ ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

Ако сакаш да креираш видеа што раскажуваат приказни, анимации што оживуваат идеи или дигитални медиуми што освојуваат социјални мрежи, ова е твоето место. Видеографија, motion design, 2D анимација – учиш од активни професионалци и градиш портфолио што ќе ти отвори врати во индустријата.

Прочитај повеќе тука.

видео продукција анимација студенти скала академија филм визуелни ефекти анимација дизајн Академија за видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми​

 

АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН

Дизајнирање на веб-страници е многу повеќе од естетика – пред сè, тоа е корисничко искуство. Овде ќе научиш како да создаваш функционални и привлечни дигитални продукти, ќе работиш во Figma, Illustrator и Photoshop, но и ќе совладаш Front-End development, WordPress и SEO.

Прочитај повеќе тука.

веб дизајн уикс скала

 

АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

Модата не е само облека – таа е идентитет и тренд. Тука ќе ги научиш моден дизајн, конструкција на облека, техники на кроење и шиење, директно од луѓе што ја обликуваат македонската модна сцена. Со единствена цел – кариера во модниот свет!

Прочитај повеќе тука.

академија за моден дизајн-скала-џолев-уписите започнааФотографиите се изработени од студентите на Скала, во соработка со студенти од генерацијата 2024 кои се појавуваат како модели.

АКАДЕМИЈА ЗА ФОТОГРАФИЈА

Фотографијата не е хоби – таа е кариерен избор. Ако сакаш да работиш во маркетинг, мода, медиуми или дигитални индустрии, ова е единствената академија што нуди целосно практичен пристап.

Прочитај повеќе тука.

студенти скала академија фотографија

скала ваучер академија за студирање

Само уште 17 достапни ваучери!

— —

Наскоро следуваат информации и за трите најбарани IT академии што ќе ти овозможат директен влез во индустријата:

  • Product Owner – за оние што сакаат да бидат дел од IT, но без кодирање.
  • Full Stack Software Development – за оние што сакаат да научат да кодираат од основи до напредно ниво.
  • Software Testing – за оние што сакаат кариера во еден од најбрзорастечките сектори во IT.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: