Сакаме да ги промовираме овие парчиња преку нашата дигитална платформа за Дизајн и современа уметност Скала Магазин, каде можете да купите парче облека по симболична цена и да направите разлика во нечиј (студентски) живот 🙂
Една од поважните работи која Скала Школата за дизајн, уметност и технологија ја застапува, тоа е поврзувањето на компаниите со студентите. Токму и тоа ни беше намерата и ова лето, конкретно на 7ми и 8ми јули, кога се случи дводневниот настан „Студентите зборуваат“.
Дел од нашите алумни и тековни студентки од Академијата за МОДЕН ДИЗАЈН беа дел од 25-тото издание на Моден Викенд Скопје, еднодневен настан во Градски парк посветен на новите генерации и креативни надежи на модната сцена.
Традиционално, секое лето во „Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии се дружиме и правиме настани на кои ги поврзуваме студентите со менторите. Така и овој пат, во два дена беа направени многу коктели, се запознавме едни со други и уживавме во разговорите.
Во четврток, на 30 јуни во 20:00 часот (Јавна соба) ве каниме на завршна ИЗЛОЖБА од Курсот по Фотографија, Цртање и сликање и проекција на кратки филмски етиди и кратки филмови од Обуките за Филмски актер и Филмска режија.
Неодамна на 6ти јуни се случи настанот кој ја одбележа соработката помеѓу брендот Salt Milano и Академијата за моден дизајн при Скала – Школата за дизајн и уметност, (основана од „Џолев и уметностите“).
И ова лето ве покануваме на дизајн-коктели, зачинети со технологии-апетисани, отворени денови на кои ќе ве запознаеме со нашите ментори и академски програми за 2022/23 година