Една од поважните работи која Скала Школата за дизајн, уметност и технологија ја застапува, тоа е поврзувањето на компаниите со студентите. Токму и тоа ни беше намерата и ова лето, конкретно на 7ми и 8ми јули, кога се случи дводневниот настан „Студентите зборуваат“.
Неодамна на 6ти јуни се случи настанот кој ја одбележа соработката помеѓу брендот Salt Milano и Академијата за моден дизајн при Скала – Школата за дизајн и уметност, (основана од „Џолев и уметностите“).
Прочитајте за успесите на нашите студенти на интернационални и домашни фестивали, вработувањата во креативните индустрии по завршување на Академиите за дизајн. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.
Студентите од Академиите за дизајн (графички дизајн, моден дизајн и визуелни уметности) јавно се претставија преку своите порфолија, пред главните менаџери на најзначајните македонски маркетинг и адвертајзинг агенции, дизајн студија, модни атељеа и конфекции, видео и фото продукции, медиуми...
Поврзувањето на креативните индустрии со нашите студенти е најважниот приоритет!Ги повикуваме сите компании [големи и мали] да се пријават на отворениот повик за учество на традиционланиот настан, каде студентите од Академиите за дизајн [графички дизајн, дизајн на ентериери, моден дизајн и визуелни уметности] јавно ги презентираат своите портфолија со цел поврзување на студентите со компаниите.