Официјално започнаа уписи на 17 едукативни програми, во вид на обуки и курсеви, под строго дефинирани услови и мерки за безбедна и продуктивна настава.
Во петокот, на 16-ти октомври, се случи најголемата студентска изложба насловена како „Parádeigma“, каде 78 автори од Академиите за дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите” изложија повеќе од 400 дизајн решенија и концепти.
Секој од студентите од Академијата за продукт дизајн има различен стил во кој се испреплетуваат различни техники од полињата и предметите кои ги изучуваат и практикуваат. Без разлика дали се работи за дизајн на ентериер, мебел или конкретен продукт, нашите студенти имаат свој личен пристап кон процесот на дизајнирање.
Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институтот за дизајн и технологија, во „Јавна соба“, на 16 октомври ќе ја отворат изложбата „Парадигма“, која претставува завршна изложба на студентите од Академиите за визуелни уметности, моден дизајн, продукт дизајн и графички дизајн, од генерација 2019/20.
На претстојниот Моден викенд - Скопје, којшто ќе се одржи од 1 до 3 октомври, ќе учествуваат студентите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.