Студирањето во Скала за мене е остварување на желба, место од каде си заминувам мотивирана, инспирирана и со желба да создавам повеќе.
Академијата за фотографија во Скала во Скопје е програма за практично образование во областа на современата фотографија. Наменета е за студенти од различни професионални позадини — без разлика дали доаѓаат од уметност, хуманистички науки или сосема друга професија — кои сакаат сериозно да го развиваат својот авторски пристап и да изградат професионално портфолио.
Марија Митреска ја спојува љубовта кон јазикот, културата и визуелното раскажување. Дипломец по насока француски јазик и книжевност, а денес работи како професор по француски јазик во Францускиот институт во Скопје, и студентка на Академија за фотографија во Скала.
Фотографијата за неа е начин на набљудување и собирање моменти — најчесто додека пешачи, истражува и тивко ја следи средината околу себе.
Инспирацијата ја наоѓа во минатото, старите градби, предмети и музика, па не е чудно што од патувањата често се враќа со стари писма, фотографии или необични предмети.
Искуството на Марија – одговори од прва рака…
Фото-дисциплина која најмногу ми прилега…
Документарната и уличната фотографија. Но, сакам и продукт и портрет фотографија.
Омилени фотографи…
Робер Дуано, Анри Картие-Бресон и Џани Беренго Гардин.
Омилен филм…
Dead Poets Society, Little Women и Good Will Hunting.

☆ Студии во Скала?
Најчесто инспирација црпам од…
Врвни фотографи, како од странство така и од кај нас, од природата и од музиката.
На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Никогаш да не се плашам да испробувам различни начини, да си верувам дека го имам вистинското решение и да не се плашам да експериментирам.
Мојот сон…
Да се остварам како професионален фотограф, да имам своја изложба и книга со фотографии. Сакам моите фотографии да бидат интерес кај гледачите, да носат порака и да раскажуваат приказни кои долго ќе се паметат.

Како изгледа студирање фотографија во Скала?
Академијата за фотографија во Скала се одвива со физичка настава во Скопје и комбинира:
- техничка основа (работа со светло, камера),
- развој на авторски пристап,
- работа на документарна, портрет и продукт фотографија,
- градење професионално портфолио.
Програмата е отворена и за почетници и за лица кои сакаат кариерна промена или паралелно развивање на креативна практика, како што е случајот со Марија.
Често поставувани прашања:
Дали може да се запише студент без претходно искуство?
Да. Наставата е структурирана така што овозможува постепено совладување на техничките и концептуалните аспекти на фотографијата.
Дали наставата е практична?
Да. Голем дел од процесот се одвива преку практични задачи, работа во студио, теренска работа и анализа.
Дали се изработува портфолио?
Да. Студентите постепено градат портфолио што може да биде основа за изложба, аплицирање или професионален ангажман.
–
Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Маринела Блажеска
Фотографија: Викторија Андреевска
Дизајн: Виктор Георгиевски
Веб уредување: Ева Парапански


