Skip to content

Студентски осврт сo Гаја, Филип, Сара и Теона

 

 

 

 


Разговаравме со нашите студенти Гаја Смилевска, Филип Гаговски, Сара Секулоска и Теона Димова студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за визуелни уметности за нивниот студентски проект „Филмски плакат“ на предметот дигитална илустрација, под менторство на супер популарниот и обожаван дизајнер Зоран Кардула.


Се одлучив за дизајн на плакат за филмот поради…

Сара: љубовта кон Bowie и неговите дела. Во филмот се прикажани неговите неуспешни почетоци во кариерата и раѓањето на неговото алтер-его коешто понатаму е клучно за мојот омилен албум „The Rise and Fall of Ziggy Stardust”. 



Филип: поради тоа што кога го започнав проектот сакав да „експериментирам“ со стил што никогаш не сум го работел и на крајот се двоумев помеѓу арт-деко и поп-арт, но кога се одлучив за серијата Breaking Bad којашто според мене, е една од најдобрите серии коишто некогаш сум ги гледал, некако поп-арт повеќе ми легна за тоа да ја доловам серијата во еден постер.



Гаја: поради импактот којшто го имаше врз мене првиот пат кога го гледав и влијанието што сѐ уште го има откако го имам прегледано десеттина пати. Самиот филм има многу впечатлив стил и детално визуелно раскажување, сите овие елементи ми оставија простор да си играм со нив кога го планирав постерот. 

 



Теона: поради филмскиот режисер. Филмовите на Кристофер Нолан ми се едни од омилените и тоа во редослед ,,Interstellarʻʻ на прво место. Покрива теми коишто ми се провокативни и возбудливи и баш беше интересно да го пренесам тоа во дизајнот на филмски постер. 

 


За соработката при процесот, со менторот Зоран Кардула би сакал/а да кажам…

Сара: само пофални зборови, со оглед на тоа што до тогаш јас се немав сретнато со алатката илустратор. Учењето со него беше лесно, но и полно со предизвици преку коишто лесно го научив користењето на истата. 

Гаја: би сакала да кажам дека немам доволно место да опфатам сѐ што сакам да кажам. Ретко се случува да ми фали ментор или нивниот стил на предавање откога ќе завршиме, но еве има првпат за сѐ. Одамна немам осетено од ментор дека навистина сака да пренесе знаење и искуство, а токму тоа ми беше впечатокот после секој час со Кардула.

Теона: ментор и учител во целосна смисла на зборот!

Филип: исто така, цело време беше достапен за комуникација и надвор од часовите, што мислам дека е многу важно за еден ментор.

 

 


ADOBE Illustrator денес најчесто го користам за…

Теона: за буквално сѐ. Илустраторот е алатка каде што целиот креативен процес започнува и се завршува. Многу ми е интересен моментот кога конкретната замисла што ја имам во глава целосно можам да ја реализирам во дигитална илустрација. 

Филип: за многу работи, од принт до постови за социјални мрежи!

Сара: илустратор го користам за сѐ, од најмали дизајн-елементи до цели композиции. Можам да го користам за креирање на креативни презентации, илустрации, постери и логоа и што уште не. 

 

Другарски совет за сите оние кои планираат да студираат графички дизајн…

Теона: неформалното образование е убедливо најдобрата опција да зачекорите во графичкиот дизајн и да се стекнете со огромен фонд на знаење од искусни ментори. При студирањето, бидете гладни, жедни, црпете го максимумот… и вашата работа нема да остане незабележана. 

Сара: е да не се откажуваат на првата препрека, ова поле се изучува и работи со многу љубов и трпение и трудот несомнено се исплаќа на крајот. Инспирацијата се црпи од секаде, а со графички дизајн најлесно може да се покаже.

Гаја: нешто што ме спречуваше беше стравот дека сѐ уште немам доволно предзнаење за целосно да се посветам, но имам сфатено дека без разлика што создавам сега, за неколку години истото ќе ми изгледа детско и ќе можам да создадам подобро. Во постојан циклус на подобрување сме и не постои „недоволно” предзнаење за да се започне со студирање.

Филип: Работа, работа, работа. Исто така, многу е битно да се редовни на часови и да ги извршуваат задачите со целосна посветеност.


Моите планови по завршување на академијата се…

Гаја: да најдам место за себе во индустријата, со надеж дека ќе стигнам некаде каде што можам професионално да продолжам да создавам свои стрипови или пак, да придонесам за развивањето на приказна, дизајн и визуелниот идентитет на проекти во коишто луѓето веруваат и своеволно би го вложиле слободното време да ги искусат.

Филип: прво добро заслужен одмор и нормално, да ги искористам знаењата што ги стекнав за време на студирањето и да ги имплементирам во секојдневната работа сѐ со цел да се унапредам како подобар и пиостакнат дизајнер, не само во фирмата каде што работам, но и во пошироки рамки.

Теона: да започнам со работа во некоја од маркетинг-агенциите. Сметам дека тоа ќе ми помогне да стекнам искуство за работа со клиенти и тимска динамика. Свесна сум дека овој процес е долг и континуиран, но на крај сѐ зависи од нашата желба и љубопитност за нови предизвици.

Сара: креирање на нешто свое!

 

 

 


Уписите за новата учебна година се во тек! 
Искористи ја можноста за попуст во ран упис, на најобемните Академии за дизајн. 
Погледни ја програмата, менторите и условите на студирање:

> Академија за графички дизајн
> Академија за визуелни уметности

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: