Skip to content

Студентски осврт сo Ана, Ангелче и Јована, студенти на Академијата за графички дизајн и визуелни уметности

 

 

Разговаравме со нашите студенти Ана Попоска, Ангелче Петрушевски и Јована Цинцароска, студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за визуелни уметности, за нивниот семестрален проект по предметот фотографија: „Рекреација на култно сликарско дело” под менторство на Дејан Џолев и асистенција на Антонио Станков.


За изборот на делата, нивното влијание и искуството со менторите и низ академските часови, студентите ни открија интересни детали. Она што е највпечатливо е дека сите тројца го избраа Рене Магрит во своите интерпретации. Тој е белгиски уметник, сликар и претставник на надреализмот.

 

Скала-академии-за дизајн- Рене Магрит
„Видливиот свет“ – Рене Магрит
Скала-академии-за дизајн- Јована Цинцароска
„Видливиот свет“ – Јована Цинцароска

 

Го избрав делото на Рене Магрит затоа што…

 

Јована: Додека ги избиравме делата, ,,Видливиот свет” на Рене Магрит беше првото и единствено дело кое ми го привлече вниманието со својата едноставност. Го избра моја колешка, но во последен момент се премисли и го препушти во мои раце. Би рекла дека јас не го избрав делото, делото ме избра мене.

Ана: Тоа што ми изгледаше како интересен предизвик. Рене Магрит е навистина луд, необичен уметник (во најдобра смисла на зборот), и ми се чинеше уште полудо како предизвик да пробам да го рекреирам во фотографија.

Ангелче: Го избрав поради тоа што ми делуваше доста интересно, и предизвик да работам што повеќе во Photoshop.


При процесот на креирање, се соочив со…

Ана: Фактот дека адаптацијата и трпеливоста при неочекуваните моменти е една од најбитните креативни способности. Целиот пат беше само „trusting the process“, и во многу голем дел од процесот мислев дека делото ќе излезе ужасно. Евентуално се соочив со фактот (повторно и повторно) дека нема никогаш да биде совршено, и јас ќе бидам најголемиот критичар на моите дела.

Јована: Процесот на креирање за мене беше доста интересен, но и голем предизвик. Се соочив со многу нетипични околности во процесот на фотографирање, коишто всушност ми овозможија да ги покажам моите вештини во постпродукција, за на крај сето тоа да изгледа како што изгледа.

Ангелче: При процесот се соочив со нови техники на ретуширање, користев нови алатки и начини како да ја подобрам фотографијата.

 

„Заканувачко време“ – Рене Магрит
„Заканувачко време“ – Ана Попоска


За соработката при процесот, за менторот Дејан Џолев и асистентот Антонио Станков би сакал/а да кажам…

 

Ана: Дека беше многу интересно искуство. Научив многу нови работи. Првпат ми беше да сликам во студио, и беше многу интензивно бидејќи требаше да организирам две личности и да ги сликам трите објекти во 20-тина минути. Џолев и Станков ми беа од огромна помош. 

Јована: Секогаш беа отворени за соработка и беа тука за да ни помогнат за било каква потешкотија со којашто се соочувавме при самиот процес на изработка на целиот проект.

Ангелче: Менторите доста ми помагаа во процесот и беа достапни за комуникација во секое време.


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

 

„Идеја“ – Рене Магрит
Скала-академии-за дизајн-Ангелче Петрушевски
„Идеја“ – Ангелче Петрушевски

 

Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академија во Скала

Јована: Да не се плашат од непознатото, да пробаат нешто ново и да експериментираат во различни области, а можеби графичкиот дизајн е токму она во коешто ќе се пронајдат.

Ангелче: Ги советувам тие што навистина ги интересира оваа насока да се запишат и да откријат кој медиум нив им одговара. Но за да се успее, треба да си упорен и да имаш голема желба.

Ана: Да си дозволиш да бидеш почетник. Секој кој денес е добар уметник, дизајнер, музичар, еден ден бил тотален почетник и тоа што го правел не било баш најдобро. Но тие луѓе се избориле низ тмурниот период каде се чувствувале некомпетентни под тешкиот ментален притисок од перфекционизмот. 

Секогаш кога ќе ти дојдат мисли како „Не сум доволно добар во ова“ или „Нема да успеам, ова ќе биде ужасно“ и слично, излези од својот ум и потсети се дека овие мисли се дел од почетничкото искуство. Да се биде почетник е многу неудобен процес, но тогаш знаеш дека тоа што го правиш е нешто значајно, бидејќи само надвор од комфор зоната учиме и растеме како личности. Критиката е неудобна, но таа ни помага да се поправаме и напредуваме.

 

https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2023/03/23/5-prednosti-pri-ran-upis-na-akademiite/

 

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: