Skip to content
Вулнет Џелили академија за фотографија скала

Студентски искуства: Вулнет Џелили – Фотографија

„Постојаната работа и поддршката од тимот на „Скала“ ме натераа да се посветам повеќе и да постигнам позитивни резултати“

 

Запознајте го Вулнет Џелили, нашиот студент на Академијата за фотографија! Вулнет се запиша на академијата со цел да ги усоврши своите вештини и да се прекфалификува во професионален фотограф. Неговата креативност е видлива не само во неговата работа, туку и во неговиот уникатен стил на облекување, често комбинирајќи повеќе бои и дезени.

ватердроп скала хакатон продукт фотографии


За искуството во „Скала“, Вулнет ни раскажа…

 

Омилен фотограф…

Нирав Пател

 

На часовите кај Џолев…

Учиме за техничките фотографски карактеристики и како треба да ги користиме, објективот, експозицијата и исо за фотографијата да изгледа што подобра.

 

На часовите кај Драги Неделчевски..

Учиме за историјата на фотографијата, од своите почетоци, од камера обскура претрпувајќи неверојатен развој, се до денешните софистицирани дигитални фотоапарати.

 

 

Често разговараме со колегите  за…

За задачи и проекти.

 

Академија за фотогафија

Закажи средба со нашиот тим.

 

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Ако сакаш да промениш нешто и да пробаш нова професија, академијата во Скала е единствено место кадешто има ментори со добри квалитети и искуства.

 

Мојот сон по 5 години…

Да имам сопствено студио за фотографирање и да биде едно од најпопуларните во земјата. 

 

За Скала…

Академијата за фотографија во Скала обезбедува одлична средина за учење и развивање на фотографските вештини. Скала има стручен кадар богат со искуство, како и универзитетски професори кои овозможуваат длабинско и сеопфатно учење. Како аматер, Академијата за фотографија ми помогна многу да ги разберам и совладам основните техники и концепти за фотографија. Постојаната работа и поддршката од тимот на „Скала“ ме натераа да се посветам повеќе и да постигнам позитивни резултати. Се чувствувам многу мотивиран и сигурен за мојот напредок во оваа област.

 

 





 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: