„Скала за мене значи една нова приказна што ме освои од првиот ден со сета неформалност од една страна, а сериозна професионалност од друга.“
Викторија Ангеловска е студетнка на Акдемијата за UX\UI+ дизајн во Скала и верува дека преку академијата не само што ќе успее да ја истакне најкретивната верзија од себе, туку и ќе ја примени креативноста заедно со знаењето создавајќи дизајни зад коишто ќе стои со радост и гордост. Таа паралелно студира и на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје. Во слободно време под златното сонце, Викторија наоѓа радост во смеата, танцот и природата.
☆За нејзиното искуство во „Скала“, Викторија ни сподели…
Стил кој најмногу ми прилега…
Најмногу внимание ми привлекуваат и најмногу ми прилегаат brutalism, retro/vintage дизајните, а најдраги ми се илустративните, асиметрични дизајни
Најчесто инспирација црпам од…
Сѐ она што ми го привлекува вниманието и ми буди силна емоција, независно која.
На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Е дека цело е кога има сѐ. Звучи на клише, но во случајов е совршено соодветно, а мислам на тоа дека подеднакво многу важни се новите нешта коишто ги учиме, но и оние околу нас со коишто го чекориме патот откривајќи само нови и нови изненадувања.
На часовите кај менторот Стефан…
Се соочив со предизвици коишто знаеја да ми создадат паника и да ми го разбудат она чувство дека е невозможно да успеам да ја исполнам задачата, но благодарение на неговиот пријателски пристап и неговата особена внимателност, тие чувства поминуваа многу брзо и задачите секогаш беа успешно завршени на крајот. Бескрајно благодарна сум за сѐ што научив!
☆
Академија за UX/UI+ дизајн
Закажи средба со нашиот тим.
☆
Домашните на Џолев…
Беа изненадувачки инспиративни и дидактични, а некои од нив малку потсетуваа на домашни коишто сме ги добивале во некои ниски одделенија во основното образование, што само додаде на симпатичноста. Вистински времеплов!
На часовите кај менторот Игор…
Сѐ она што ни делуваше страшно и тешко, уште во првиот момент беше ублажено со неговиот хумор и пристапноста, што верувам дека беше мошне олеснителен момент за сите нас. Често разговараме за важни теми од индустријата, несебично го споделува неговото знаење и искуство со нас, за што сум особено благодарна.
Често разговараме со колегите за…
Предизвиците со кои се соочуваме, за анегдоти од часовите, си даваме поддршка и си помагаме, што ми е особен драг момент од целото искуство на „Скала“.
Мојот сон по 5 години…
Би сакала да сум успешна и препознаена во својата област и со особена радост да се сеќавам на сѐ што научив и на сѐ што понесов од ова кратко патување наречено „Скала“.
За Скала…
„Скала“ за мене значи една нова приказна што ме освои од првиот ден со сета неформалност од една страна, а сериозна професионалност од друга. Ангажираноста, ажурноста и внимателноста на секој еден од менторите е нешто што значи особено многу во процесот на учење. Пријателствата што се развиваат попатно се најубавиот подарок којшто ни останува и по академијата, едноставно нема рок на траење.
Топли препораки за секој оној што има и најмал сомнеж за тоа каде да се стекне со нови знаења и вештини – „Скала“ е совршениот избор!