Олгица Тренеска има 19 години и е студентка на Академијата за моден дизајн во „Скала“. Ни доаѓа од Охрид и нејзиното време го минува пеејќи и танцувајќи, најчесто на фанк или R&B-музика. Таа вели дека ако некој ја бара, секогаш ќе може да ја пронајде на плажа, читајќи романтична книга. Ние имавме среќа што ја запознавме како студентка од „Скала“!
☆ За нејзиното искуство во „Скала“, Олгица ни сподели…
Би сакал/а да дизајнирам облека за…
Луѓе кои сакаат да се забавуваат, кои сакаат да пробаат нешто ново, градејќи свој уникатен стил.
Омилена модна епоха…
Ја сакам модата од 70-тите. Потекнува од мојот омилен жанр на музика, фанк, којшто се појави во средината на 60-тите, а и стиловите на диско коишто воведоа чевли на платформа, светли бои, сјај и сатен. Секогаш ја крадам облеката на мајка ми од нејзините тинејџерски денови.
Омилен моден дизајнер…
Emma Rowen Rose, Jean Paul Gaultier, Betsey Johnson
Никогаш нема да искомбинирам…
Карго-панталони со црно-црвена карирана кошула.
☆
Во тек се уписите на нашите Академии ♡
Сега е вистинско време да донесеш одлука и да инвестираш во својата кариера!
Закажи средба со нашиот тим.
☆
На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Облеката е многу повеќе од парче текстил, тоа е начин на изразување, раскажување, важен столб на една цивилизација и комплексен израз на индивидуалноста на луѓето.
Често разговараме со колегите за…
Задачите коишто ги имаме, ги дискутираме и разјаснуваме, споделуваме информации коишто ќе ни помогнат во градење на идеи и развивање на колекција.
Мојот сон…
Мојот сон е прилично едноставен, но истовремено и комплексен, се надевам дека за 5 до 10 години ќе го најдам моето место во креативниот свет, ќе ги утврдам мојот уникатен правец и конкретната улога во мозаикот на креативноста.
Скала…
„Скала“ за мене е ново искуство, нови погледи кон модниот свет, нови пријателства, нови идоли, safe place и важно делче од сложувалкатa на мојата модна приказна.
☆
Уписите на Академијата за моден дизајн се во тек!
Погледнете ја програмата на следниот линк.