„На академијата се чувствува баланс помеѓу дисциплина и слобода.“
Мелани е студентка која истовремено студира постипломски студии во областа на менаџмент и моден дизајн во Скала. Таа смета дека успешниот дизајн не е само креативна работа, туку и добро организирано и стратешко менаџирање. Според неа, без добар менаџмент, тешко е да се реализираат идеи, да се развие бренд и да се одржи квалитетот.
Во срцето носи посебна љубов кон кучињата и обожава пуфкасти и светкави работи. Можеби тие ја инспирираат да создаде нешто меко, топло и посебно.
Мелани ни сподели повеќе за нејзиното искуство во Скала…
Би сакала да дизајнирам облека за…
Луѓе кои ја гледаат модата како уметност и моќ, а не само како облека и потреба.
Омилена модна епоха…
Златната доба – модернизам.
Омилен моден дизајнер…
Тања Кокев.
Никогаш нема да искомбинирам…
Секое парче облека да биде во различна боја (жолта, зелена, виолетова…). Не ми изгледа воопшто складно.

☆
Академија за моден дизајн
Закажи средба со нашиот тим.
–
На академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Дека процесот е подеднакво важен како и конечниот резултат.
Мразам кога ќе задоцнам на час затоа што…
Ќе пропуштам нешто што ќе ми биде од корист да го знам.
Мојот сон…
Мојот сон е да бидам дизајнерка која не само што замислува, туку и професионално конструира и реализира сè што ќе ѝ падне на ум.
–
Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Мелани Марјановиќ
Фотографија: Викторија Андреевска, Маринела Блажеска
Дизајн: Елена Иванов, Виктор Георгиевски, Михаела Матоска
Веб уредување: Ева Парапански



