Skip to content
Ива Мандиќ академија за дигитален маркетинг скала

Студентски искуства: Ива Мандиќ- Дигитален маркетинг

„Среќна сум што сум дел од ваква позитивна заедница, каде што секој ден растам…“

 

Кафе, тренинг, маркетинг, дизајн, предавања… ова е само дел од динамичниот живот на Ива, 22-годишна студентка која не познава граници. Таа е студентка на Академијата за дигитален маркетинг во Скала и паралелно ја привршува својата дипломска работа на факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН Универзитет, отсек мултимедија. Мултидисциплинарна креативка која работи во маркетинг и дизајн секторот на женскиот магазин „Убавина и Здравје“ но и предава графички дизајн во детскиот оддел на Семос Едукација.

Ива Мандиќ академија за дигитален маркетинг скала


За нејзиното искуство во „Скала“, Ива ни сподели…

 

Маркетинг кампања која ме воодушевила…

Сите маркетинг кампањи на Rhode – Hailey Bieber.

 

Најинтересен тред во дигиталниот маркетинг…

Инфлуенсерство.

 

Менторот Димитар Јовевски секогаш е…

Внимателен и посветен при сослушување на студентите и давајќи соодветни, конструктивни критики. Неговиот пријателски пристап создава опуштена атмосфера во која се чувствуваме охрабрени да поставуваме прашања и да напредуваме. Со неговата поддршка и насоки, секој час е продуктивен и инспиративен.

 

На часовите кај менторката Елена Костоска…

Го развивме своето креативно размислување и научивме како да применуваме нови идеи и концепти во практични проекти.  Низ нејзините наставни методи, стекнавме вештини кои ни помагаат да гледаме на прикажаната содржина од нови перспективи и да создадеме оригинални решенија.

 

Академија за дигитален маркетинг

Закажи средба со нашиот тим.

 

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Е потребата од поврзување и запознавање со колегите, да се делат идеи, да се поддржуваат различни перспективи и да се работи кон заеднички цели. Научив да бидам дел од тим (Благодарение на проф. Сузана Никифорова).

 

Домашните на менторот Владимир Ристевски…

Ни помогнаа реално да го примениме знаењето и да ги провериме нашите вештини во практична средина. На овој начин ги надоградивме теоретските основи од изминатите часови.

 

Најчесто инспирација црпам од…

Мојата мајка, бидејќи таа е најупорниот и највреден човек што го познавам.  Таа никогаш не дозволува технолошките напредоци и брзиот тек на времето да ја претркаат и постојано вложува во нови знаења и кариерни усовршувања.

 

За Скала…

Среќна сум што сум дел од ваква позитивна заедница, каде што секој ден растам не само преку знаење и предизвици, туку и преку искреното пријателство и поддршка на моите колеги.

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: