Skip to content
Хава Даци академија за ентериер и продукт дизајн

Студентски искуства: Хава Даци – Ентериер и продукт дизајн

„Скала е една од најдобрите одлуки кои можев да ги направам во оваа фаза на мојот живот. “

 

Хава е инспиративен пример за успешна преквалификација од правните науки кон креативните индустрии.

Дипломирана на Правниот факултет при УКИМ, таа сега ги насочува своите вештини и страст кон дизајнот на театарска сценографија, филмски сетови и простори што комбинираат функционалност и естетика.

Како студент на Академијата за ентериер и продукт дизајн во „Скала“, Хава храбро ги истражува границите на својата креативност, создавајќи решенија инспирирани од природата и нејзината визија за иновација.

 

Таа ни сподели…

 

Омилено дизајн студио…

Секогаш се менуваат, моментално многу ми се допаѓа едно дизајн студио за ентериер од Канада, Blanc Marine Intrerieurs.

 

Најважно за дизајн на ентериер е…

Дизајнот да биде убав но истовремено и практичен.

 

3д рендер или скица на хартија… 

3д рендер.

 

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Сега е време да пробаме, погрешиме и научиме.

 

Хава Даци академија за ентериер и продукт дизајн

Академија за ентериер и продукт дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 

На часовите кај менторот Илија Паунков…

Сите прашања ги поставуваме за време на паузите. 😅

 

Често разговараме со колегите за…

За тоа колку ни се лоши цртежите додека да дојде Апостол и да ни каже дека сме супер.

 

Мојот сон…

Би сакала моите дизајни да влијаат на трендовите и да поставуваат стандарди за иновативен, функционален и естетски дизајн.

 

За Скала…

Една од најдобрите одлуки кои можев да ги направам во оваа фаза на мојот живот. Ми даде можност да учам преку практична работа, со многу поддршка да ја развијам својата креативност и да имам храброст да размислувам „out of the box“.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: