„Скала ми овозможи преку фотографијата да ја пронајдам мојата визија и стил“
Ангелина живее помеѓу камерата, модата и креативните идеи. Работи како модел на фотосесии и кампањи, а благодарение на тоа точно знае како изгледа приказната и пред и зад објективот. Иако има позадина во дизајн на ентериери, фотографијата ѝ е омилено ново поле за истражување и едукација. Во слободно време е на планина со другарите, каде собира инспирација и полни батерии за нови креативни проекти.
Ангелина ни сподели повеќе за нејзиното искуство во Скала…
Би сакала да ги фотографирам…
Модните парчиња на Vivienne Westwood, инспирирана од нејзината енергија.
Фото-дисциплина која најмногу ми прилега….
Портретната и модната фотографија, каде визуелниот идентитет и естетиката се клучни.
Омилен фотограф…
Jerry Uelsmann. Неговите фотографии се тивок дијалог меѓу реалноста и сонот – таму каде што реалноста станува сон.
Најчесто инспирација црпам од…
Од чувствата што камерата ги фаќа, а зборовите не ги кажуваат.

☆
Академија за Фотографија
Закажи средба со нашиот тим.
–
На академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Е присутноста во моментот.
Често разговараме со колегите за…
За нови концепти и креативни пристапи.
Мојот сон…
Е модната фотографија да ме води низ целиот свет.
–
Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Маринела Блажеска
Фотографија: Викторија Андреевска
Дизајн: Елена Иванов, Ева Парапански, Виктор Георгиевски, Михаела Матоска
Веб уредување: Ева Парапански


