Skip to content
Андреа Осман академија за графички дизајн скала

Студентски искуства: Андреа Осман – Графички дизајн

„Би сакала да имам свој шоп каде ќе дизајнирам/продавам постери, книги, честитки, сликонвици, календари…“

 

Андреа Осман е млада креативка, која има многу хобија и е студентка на Академијата за графички дизајн во Скала.  Таа обожува чоколадо и животни, посакува да живее далеку од градот, но доволно блиску за да можат сите најмили да ја посетат. Се уште го нема добиено писмото од Хогвартс ама затоа доби писмо од Скала. <3 

 


Андреа ни го доближи нејзиниот „Скала“ свет…

 

Омилен дизајнер…

Ilya Kuvshinov, руски дизајнер кој моментално живее во Токио, неговиот стил е манга илустрации.

 

Стил кој најмногу ми прилега…

Anime, fantasy и freehand illustration, сега за сега.

 

Најчесто инспирација црпам од…

Пинтерест и фантазирање додека слушам музика.

 

Домашните на менторот Џолев…

Будат креативност. Не може да се направат без да се седне, да се размисли длабоко на темата, да се направи мудборд, приказна, да се истражува. Слушаме повеќе критики од пофалби, но мислам дека причината и целта зад тоа е да не се опуштиме и да се трудиме да постигнеме повисоко ниво, да работиме повеќе на себе без разлика на тоа колку сме добри, бидејки секогаш постои опцијата да бидеме подобри.

 

Андреа Осман акаедмија за графички дизајн скала

 

Академија за графички дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 

На часовите кај менторот Кардула…

Се најинтересните часови за мене. Учиме како да користиме различни алатки во Илустратор, добиваме доста типс како да ги искористиме една со друга за да дојдеме до нешто интересно. Кардула има големо трпение, ни одговара на сите прашања па дури и 5 пати ако треба, многу смирено и детално ни објаснува и предава. Исто така имаме можност да разговараме и да слушнеме за личното искуство на еден успешен и преинтересен дизајнер. 

 

Често разговараме со колегите за…

Како тоа се справуваме со домашната и си даваме типс, совети, критики и пофалби. И кој сака да иде на кафе, секако. <3

 

Мојот сон… 

Би сакала да имам свој шоп каде ќе дизајнирам/продавам постери, книги, честитки, сликонвици, календари, и воедно ќе биде местото каде што ќе можам и да си работам на проекти во текот на денот (некаде во сонот, на шопот му додавам и мал простор како мини кафич, за други дизајнери што би сакале да работат во креативен чил простор).

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: