„Верувај во процесот, скала по скала и се ќе биде во ред”
Анастасија Стојкова е тековен студент на академијата за ентериер и продукт дизајн. Таа има завршено средно училиште во Германија и ужива во дизајнирањето на простори кои што не само што се функционални, туку се и инспиративни за луѓето што би ги користеле.
Точноста е број еден особина која ја бара кај луѓето, па затоа секогаш го почитува своето и туѓото време. Омилен ритуал после часовите и е пијачка со колешките.
Анастасија ни сподели повеќе за нејзиното искуство во Скала…
Стил кој најмногу ми прилега…
Современ минимализам со тивок луксиуз, не сакам кич линии, ме привлекуваат пастелни и неутрални бои, би сакала да правам ентериери кои би изгледале добро и по 10 години.
Би сакал/а да работам со/за….
Првобитно како ентериер консултант за станбени згради, куќи итн, за да стекнам искуство. Па потоа откако ќе стекнам искуство и ќе направам добро портфолио би сакала да работам како 3D онлајн и физички ентериер дизајнер.
Најважни за дизајн ентериер е…
Според мене најважно за дизајн на ентериер е просторот да функционира за човекот што живее во него, а естетиката да го надополни тоа.
Домашните на Апостол Тноковски…
Домашните кај Апостол се вистинска авантура, ние сме најстроги кон себе а тој секогаш нè бодри со потсетник дека не ни се толку лошо нацртани… и дека секогаш може и полошо (што некако чудно мотивира).

☆
Академија за ентериер и продукт дизајн
Закажи средба со нашиот тим.
–
На часовите кај Илија Паунков…
Кај Илија секој час е како интензивен курс, добиваме 300 информации, практични совети и постојана поддршка — и секогаш си заминуваме побогати со знаење (и малку преоптоварени, ама во добар смисол :D).
Најкул музика ни пушта…
Џолев се подразбира.
За скала
Академијата Скала за мене е отскочна даска кон иднината. Се надевам дека ќе ми донесе многу позитивни промени во животот и нови можности. Досегашното искуство ми е навистина прекрасно… Запознав инспиративни колешки кои прераснаа во вистинско другарство, како и исклучителни ментори кои несебично нè поддржуваат и мотивираат.
–
Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Марија Јакимова
Фотографија: Ангелина Наумовска
Дизајн: Михаела Матоска
Веб уредување: Ева Парапански


