Skip to content
студентски искуства-сара андоновска-скала-џолев-академија за ux ui дизајн

Студентски искуства // Сара Андоновска

Сара Андоновска има 18 години, ученичка е во скопската гимназија Раде Јовчевски -Корчагин, во математичкото подрачје и е студентка на Академијата за UX/UI+ дизајн во Скала. Спортувањето ѝ е неизоставен дел од денот коешто ја исполнува со позитивна енергија и ја подготвува за секојдневните активности.
Таа уште од мали нозе ја изразува својата креативност преку цртање и музика и сака да ги поврзе креативното размислување со информатичките науки, па природно на тоа е студентка на Академијата за UX/UI+ дизајн.

Сара ни сподели…

 

Стил којшто најмногу ми прилега…
Најмногу се пронаоѓам во стиловите mixed media, doodles, minimalisam, особено интересен ми е antidesign и experimental type.


Последна веб-страна на којашто се воодушевив…

https://www.apple.com/ Страната на овој бренд веќе долго време ми е фаворит, поради минимализмот, јасноста и функционалноста којашто ја нуди, сè естетски, преубаво склопено.


На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…

Покрај сите креативни вештини што ги опфаќа, научив како добро да го организирам времето, со добра организација да ги усогласам сите активности во денот, да завршам сè во дадениот рок и сепак да имам време да одам на кафе со друштвото.


На часовите кај Стефан…

Дискутираме за сите можни опции на нашиот дизајн, ни посветува преголемо внимание на секој од нас поединечно за да сите сме задоволни со нашите проекти. Со неговиот пријателски пристап, ни овозможува да сме слободни и да го прашуваме дури и за најмалите проблеми на коишто наидуваме при дизајнирањето. Колку и да ни биде часот доцна, да немаме енергија, секогаш наоѓа начин да нè мотивира.


Домашните на Џолев…

Ми одземаа многу време, премногу поминати часови пред лаптопот, за да на крајот, кога ќе го одзумирам проектот, да бидам задоволна и веднаш да заборавам на часовите поминати во работа. Сите домашни ме научија да верувам во процесот, да се вложам максимално. Необичното цртање на зборови со линии, букви, бирање на бои, активности за коишто на крајот сфатив колку всушност ни биле клучни во реализирањето на креативниот дизајн.

 


Мразам кога ќе задоцнам на час затоа што…

Имам чувство дека го нарушувам текот на работата на останатите, се чувствувам дека имам пропуштено премногу и само благодарение на менторите, успевам да го надополнам тоа во деновите кога часовите од школо ми се поклопуваат со часовите во Академијата.

 

Често разговараме со колегите за…
За тековните активности на часови, но и за слободните активности на секој од нас. Споделуваме интересни настани, раскажуваме наши лични случувања, искуства, преку коишто се запознаваме подобро. Се договараме да се дружиме и вон часовите 🙂

 

Мојот сон… (по 5 години или по 20 години)
По 5 години, мојот сон е да имам завршено со студиите и да почнам да работам, да се надоградувам и да собирам искуства во мојата професија. Попатно да работам на свои лични проекти, да патувам низ светот… а по 20 години, во најдобра варијанта, да имам сопствена компанија во којашто ќе го пренесувам моето креативно знаење и искуство на помладите колеги, ќе ги имам посетено поголемиот дел од земјите каде што имам желба да одам.


Скала… 

Скала како академија, но и во буквална смисла на зборот „скала“, ми претставува големо скалило во животот коешто ми беше предизвик да го искачам додека сè уште сум во средно образование, но и дефинитивно одлука за којашто никогаш нема да се покајам. Скала ми овозможи проширување на нови хоризонти, конекции со нови луѓе, квалитетни ментори, прекрасни колеги за кои сум среќна што ги познавам. Горда сум што сум дел од СКАЛА-приказната.

 

Биди дел од Скала, фати ран уписен рок до 15ти мај и заштеди  500 евра!

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: