Skip to content
скала изложба

„Линија“ – студентска изложба во Скала

Во сабота, 14 март во 19:00 часот, во просториите на Скала, ќе се отвори студентската изложба „Линија“, заедничка презентација на учесниците од обуките по фотографија, цртање и сликање, како и кроење и шиење.

 

Изложбата е од отворен карактер, а сите љубители на уметноста, дизајнот и креативните процеси.

Насловот на изложбата „Линија“, претставува метафора за почеток.

скала постер изложба

Во фотографијата, линијата го води погледот и ја организира композицијата.
Во цртањето и сликањето, линијата е првиот знак од кој започнува формата.
Во модниот дизајн, линијата ја создава силуетата и структурата на облеката.

Но во оваа изложба, линијата има и уште едно значење, а тоа е првата јавно претставена линија.

За дел од учесниците ова е прво јавно изложување на нивната работа, момент кога идеите, скиците, фотографиите и текстилните форми излегуваат од работната маса и стануваат видливи пред публика.

 

Нов циклус на обуки

Во моментов се отворени уписи за новите курсеви по:

Новите групи започнуваат со работа на 28 март.

 

Учесници

Датум: 14 март (сабота)
Време: 19:00
Локација: Скала, Скопје

Добредојдени сте да ја проследите првата линија на авторите:

Кроење и шиење: Биљана Петровска, Верче Ѓоргиева, Мирјана Тодоровска, Анѓа Марковиќ, Билјана Димитрова, Живко Станчев, Марија Џуџевиќ, Афродита Рамос, Ана Јанчева

Цртање и сликање: Мартин Филипов, Снежана Маџарова, Аника Радевски, Бонита Колевска Миленкоска, Донка, Кристина Поцкова, Снежана Арнаудовски

Фотографија: Влатко Донев, Ивана Јакимовска, Ален Алексовски, Нина Величковска, Михаил Алексовски, Бранко Наков, Валентина Попова, Викторија Тодоровска, Матеа Петровиќ Мишевска, Ана Крстеска, Мила Миролајски, Стефанија Петковска

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: