На завршната испитна сесија во „Скала“, студентите имаа можност да го претстават своето портфолио пред менторите, да ја презентираат својата работа и да покажат што сѐ научиле во текот на учебната година.
Разговаравме со Антонија Петковска, студентка на Академијата за ентериер и продукт-дизајн во „Скала“ и нејзиниот ментор Илија Паунков кој ни даде менторски осврт на испитната сесија.
СТУДЕНТСКИ ИМПРЕСИИ И КАРИЕРНИ ПЛАНОВИ ПО ИСПИТНАТА СЕСИЈА
По завршувањето на испитната сесија, сфатив дека секогаш може да се направи подобро. Со секоја нова скица, стануваш подобар! Сега, откако завршив со испитите, најпрво ќе си дадам одмор неколку денови за да добијам сила и мотивација за нови и подобри дела коишто ќе ми го збогатат портфолиото – со ова сакам да кажам дека испитната сесија е само почеток и едно преубаво искуство – вели Антонија Петковска.
Нејзиното севкупно искуство на Академијата за ентериер и продукт-дизајн во „Скала“ би го опишала со 3 збора: позитивност, креативност и инспирација!
Академијата ме научи да бидам дисциплинирана во однос на моите проекти, научив многу работи преку пракса коишто ќе ми се потребни во идниот процес на дизајнирање.
☆
Уписите за новата учебна година се во тек!
Погледни ги академиите на следниот линк.
☆
МЕНТОРСКИ ОСВРТ НА ИСПИТНАТА СЕСИЈА
Илија Паунков, еден од менторите на Академијата за ентериер и продукт–дизајн, ни објасни подетално за проектот којшто го презентираа студентите на испитната сесија.
Секоја година, проектните задачи се различни. Оваа година, студентите за задача имаа да изработат идејно решение за ентериерно уредување на станбена единка. По дадена подлога од страна на менторот и насоки што треба да се изработи во истиот, студентите дојдоа до уникатни решенија за просторот.
Менторот Илија ни раскажа дека за да се изработи успешно овој проект, потребно е да се поминат сите практични фази:
Од добивање информација за самиот клиент, неговите барања и очекувања, функционалното решение, изработката на moodboard за стилот на ентериерот, естетскиот израз, осветлувањето, техничкото исцртување, 3Д–моделирање, фотореалистичното рендерирање и финалното презентирање, сите овие елементи треба да бидат синтетизирани и хармонизирани, а притоа го поминуваме целиот процес на дизајнирање, изработка на проект за ентериерно уредување и негова презентација.
☆
„Скала“ има две нови академии!
Погледнете ги Академијата за Software Testing и Академијата за Software Development [Full stack]
☆
СОВЕТ ЗА СИТЕ ИДНИ „СКАЛАЏИИ“
Менторот Паунков вели дека редовната посета на часовите и инклузивноста се многу важни за успешна изработка на испитните задачи.
Консултација со менторот е пожелна и треба да се сфати како разговор и размена на мислења. Исто така, изработката на тековните задачи да се извршува навремено за менторот да има увид во тоа кој студент како напредува и дали треба да се разјасни некој сегмент или да се сврти внимание на некој детал.
♡
Инаку, студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн на испитната сесија се претставија со продукт–дизајн и дизајн на ентериер. А покрај менторот Илија Паунков, нивни ментори беа и: Апостол Тноковски, Љупчо Васиќ, Никола Узуновски, Дејан Џолев, Небојша Вилиќ, Јелена Џокиќ, Крсто Златков и Кристина Крагујевска.
Академијата е единствена во својата област којашто на студентите им овозможува практично искуство и вежби на терен. Тие имаат можност да ги совладаат најактуелните апликации за дигитално рендерирање како што се Sketchup, 3ds Max, Rhino 3D и да работат на развој на сопствени продукти.
♡
Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година. Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој!
Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата. ♡