Зборувавме со студентите Ивана Латинска, Николина Тасевска и Стефани Андова од Академијата за ентериер и продукт-дизајн за нивниот семестрален проект од предметот Дизајн на ентериер.
Предметот е под менторство на Илија Паунков каде што студентите имаа за задача да уредат неконвенционален станбен простор од 50 метри квадратни како реален пример за стан којшто е во моментална изградба.
Проектот имаше за цел да претстави соочување со функционално осмислување на простор со којшто дизајнерите на ентериер се соочуваат во секојдневието. Ги прашавме нашите студенти за нивното искуство, првичните замисли за организацијата на просторот, посетите на градилиштето, изборот на материјали и нивното финално решение изработено во рамките на предметот Дигитално рентерирање.
Стефани Андова
При процесот на креирање, се соочив со…
Многу предизвици и проблеми чиишто решенија сметам дека го направија дизајнот посебен. Научив многу нови работи и уште повеќе го засакав целиот процес на изработка и дизајнирање. Станот е 50 м2, типичен за денешните градби и токму поради тоа, при дизајнирање истражував за различни техники за визуелно зголемување на просторот. Освен тоа, решив да ја вметнам и природата во дизајнот преку материјали како дрво и камен, исто така и многу зеленило.
За соработката при процесот, за менторите би сакала да кажам…
Низ целиот процес на учење и дизајнирање, менторот Илија Паунков беше тука да ни помогне кога тоа беше потребно. Преку посетите на салони и градилиште, тој нè запозна со многу нови материјали и техники, секогаш беше отворен за соработка и даваше сè од себе да ни го пренесе своето знаење.
Како би го опишале вашето финално решение…
Завршниот продукт и финалните рендери од ентериерот, сметам дека зборуваат сами за себе и за целиот труд и време вложено во нив. Се потрудив да доловам мирна атмосфера, пријатен и посебен дизајн и нормално, да уживам во целиот процес.
Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала“…
Времето во Академијата поминува многу брзо, дружбата и учењето преку пракса ја прават истата посебна и забавна. За да започнеш, потребна ти е желба за учење и дизајнирање, а понатаму да се посветиш на процесот, топло ти препорачувам да се запишеш и целосно да уживаш во искуството.
Николина Тасевска
При процесот на креирање, се соочив со…
Предизвикот како еден стан од 50 м2 да се претвори во практичен и функционален простор којшто истовремено ќе изобилува со комотна и луксузна аура. Во денешно време, се среќаваме со сè помали станови токму како оној на којшто работевме со колегите од Академијата, па така имавме можност да искусиме како е да се работи на реален проект како дизајнер на ентериер. Тоа ме поттикна да изнајдам креативен начин да го уредам просторот, но и да внесам нов и поразличен ентериер од оние коишто ги среќаваме во секојдневието.
За соработката при процесот, за менторите би сакала да кажам…
Премногу сум среќна што имав можност да соработувам и да учам од мојот ментор Илија Паунков. Благодарение на неговото искуство, знаење и неговите естетски вредности, тој точно ми посочи како треба и како не треба да изгледа еден ентериер, рендер, материјал, боја, буквално до најситен детаљ.
Како би го опишале вашето финално решение…
Луксуз и доминација во мал простор. Целта ми беше да направам практичен, автентичен и уникатен простор за живеење. Финалниот дизајн и ентериер на просторот се во специфичен стил којшто можеби не е прв избор на многу луѓе, но за мене беше важно да го извлечам најдоброто од себе како дизајнер.
Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала“…
Мој совет е без двоумење да го направиш првиот чекор и да се запишеш на Академијата за ентериер и продукт-дизајн, бидејќи ова е една од најдобрите одлуки којашто може да ја направиш за тебе и твојата кариера.
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
Ивана Латинска
При процесот на креирање, се соочив со…
Мојата задача, како и на моите колеги, беше да уредиме стан од 50 м2. Мало и компактно катче коешто за мене се претвори во еден интересен предизвик меѓу другото и голем поттик да бидам што покреативна, претворајќи го ова мини гнездо во мала, но удобна оаза за живеење. При целиов процес се соочив со неколку фази од коишто би сакала да ги издвојам: организација на просторот и избор на бои.
Организацијата на просторот беше главниот предизвик, како да се направи концепт на мал стан, од којшто е потребно да се извлече максимум, односно, просторот треба да содржи сè што е потребно една индивидуа да може со леснотија да функционира и ужива во истиот. Изборот на бои пак, игра клучна улога во малите простори. Токму затоа во мојот дизајн се одлучив да искористам бела боја и светли неутрални тонови во комбинација со смирени бои коишто понатаму ми го поедноставија процесот на дизајнирање.
За соработката при процесот, за менторите би сакала да кажам…
Во целиот овој процес, од самиот почеток, па сè до крај, без ниеден исклучок, со нас беше нашиот ментор Илија Пунков, професионалец во својата работа. Од запознавањето со материјали на терен, па сè до часовите одржани на градилиште каде што можевме визуелно да видиме кои предизвици ги вклучува оваа креативна професија. Со неговата организирана програма и материјали зададени од негова страна (коишто засекогаш остануваат наш прирачник за следни ентериерни решенија) го поедностави нашето учење и процесот на креирање на финалниот дизајн.
Како би го опишале вашето финално решение…
Инспирација за мојот финален ентериер е скандинавскиот стил. Убавината на дизајнот ја истакнувам искористувајќи природни текстури истакнати преку дрвените подови и пастелни сенки во комбинација со нијанси на неутрални земјени тонови. Минимализам во којшто се претпочитува ред и топлина, гради пријатен простор и буди смиреност.
Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала“…
Од лично искуство и досегашно учење, би ја издвоила Академијата во Скала како една од најперспективни и најпродуктивни академии во областа на ентериер и продукт-дизајн.
Доколку и вие имате голема желба и љубов кон оваа професија, најискрено ви ја препорачувам како можност за стекнување на практично знаење, изразување на вашиот стил и најважно од сè, можност да се поврзете со компании од индустријата во коишто понатаму имате можност да ја градите вашата кариера.
Девојки, ви благодариме за споделеното искуство. Уживавме во разговорот и вашите финални решенија за дизајн на ентериер.
Подготвен/а си да го преуредиш твојот кариерен план? – Погледни ја програмата на Академијата за ентериер и продукт- дизајн, раните уписи се во тек, те очекуваме! ♥
✰ ✰ ✰