Skip to content
мкц професори и студенти

Студентите на заедничка сцена со своите ментори

На 17 јуни, во атмосфера исполнета со инспирација, љубопитност и заедништво, во МКЦ се одржа изложбата „Професори и студенти“, настан што уште еднаш ја потврди силната врска меѓу новата генерација креативци и нивните ментори.

Важно е да се истакне дека ова е изложба на која учествуваат сите државни и приватни високообразовни институции од областа на дизајнот и уметностите, а Скала беше единствениот претставник од неформалното образование.

Доколку и ти сакаш да бидеш дел од оваа заедница, со цел твој професионален развој во креативните индустрии, те покануваме на Отворениот ден во Скала!

2 јули (среда)19:00ч. во Скала.
Пријавувањето е во тек!

 

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

 

Настан што ги става студентите во фокус

Со почеток од 20:00 часот, изложбениот простор беше исполнет со дела што ја покажаа живата комуникација помеѓу различни генерации, пристапи и визии.
„Професори и студенти“ е доказ дека учењето е дијалог, движење во двете насоки.

Настан што ја брише линијата помеѓу „професор“ и „студент“ и става акцент на заедничкото создавање.

мкц скала професори и студенти

Нашите претставници

Оваа година со особена гордост ги поддржавме студентите: Бисера Димчева и Катерина Мојанчевска од Академија за видео продукција и анимација, како и студентите од Академијата за фотографија, Ристо Толичев и Изабела Угревска.

А заедно со нив, изложија и менторите Андреј Павлов и Дејан Џолев.

мкц скала професори и студенти

Искреност, процеси и нови перспективи

Изложбата беше повеќе од уметничка презентација, таа создаде простор за поврзување, размена на идеи и инспирација.

Публиката имаше можност одблизу да види како изгледа современата креативна сцена и колку е важна континуираната поддршка и соработка.

мкц скала професори и студенти

мкц скала професори и студенти

Кога менторот стои до тебе, а не пред тебе

„Првпат изложив рамо до рамо со моите ментори – што беше огромна чест. Енергијата и отвореноста за разговор ни дадоа нова перспектива. Особено ми значеше што изложбата ги спои генерациите – учиме едни од други не само на предавања, туку и низ вакви искуства.“ – изјави Ристо Толичев

 

мкц скала професори и студенти

мкц скала професори и студенти

Кога довербата добива публика

„Чест беше што моето дело беше избрано за изложба. Вакви прилики ти даваат публика, фидбек и нова мотивација. Подготовките беа брзи и тимски – на самата изложба се чувствував среќно и опуштено.“ – се надоврза и студентката Катерина Мојанчевска од Академијата за видео продукција и анимација. 

 

мкц скала професори и студенти

мкц скала професори и студенти

Не само изложба – туку искуство што останува

Голема благодарност до сите што беа дел од оваа вечер, до нашите студенти, ментори и сите што ја поддржаа изложбата.

Настани како „Професори и студенти“ нè потсетуваат зошто Скала не е само академија, туку жива сцена – заедница што постојано расте.

мкц скала професори и студенти

Доколку се гледаш себеси на оваа сцена – не пропуштај ја шансата!

Отворениот ден за академиите за фотографија, видео, анимација, графички и UX дизајн е на 2 јули (вторник) во 19:00ч. во Скала – пријавувањето е веќе отворено.

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

 

Скала по скала, заедно ќе стигнеме далеку. ❤️

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: