На 28 и 29 јуни, студентите од академиите за дизајн, јавно се претставија преку своите портфолија пред менаџерите на најзначајните компании од креативните индустрии.
Студентите од академиите за графички, ентериер, моден дизајн и визуелни уметности, покажаа пред сѐ студиозни проекти, дела и процеси коишто со големо задоволство беа проследени од претставници на компании на најзначајните локални маркетинг и адвертајзинг-агенции, дизајн и архитектонски студија, модни ателјеа и конфекции, видео и фото-продукции и медиум.
Во неформалниот дел од настаните, се дружевме со студентите кои ни открија многу интересни аспекти од учењето и искуството од студирањето, го „грабнавме“ Давид Пачемски од Академијата за графички дизајн и продискутиравме додека го пиевме кафето на кратката пауза:
По презентацијата, имав неочекувано пријатен разговор со претставници од компанијата „Светот на Биби“, кои ми пријдоа и лично ми се обратија со воодушевување дека им се допаднала мојата работа и сакаат да соработуваат со мене. Тоа е сатисфакцијата – тоа што веднаш се поврзуваме со компаниите откако ќе го видат нашиот труд.
Сега по настанот, искрено ми олесна (се смее) и подготвен сум за пракса!
Помеѓу присутните од компаниите, беше и Матеја Николиќ, дел од тимот на креативната агенција Fabricca.
Супер си поминав! Она коешто тие го приредија не е воопшто лесно: се презентираат себеси и своите дела пред туѓите очи, коментари и критики, така што им честитам за успешно заокружување на трудот. Организацијата беше одлична, со оглед на подолгиот формат, сепак уживавме и им благодарам на Скала и студентите кои ми приредија вакво искуство, на супер настан којшто отвора можности за идни соработки.
Оваа година го проширивме кругот на соработници. За првпат на овој настан беше и Антонија Ристовска, која повеќе од 3 децении има свое модно ателје „Антонија Ателје“.
Многу интересно, и за мене едно ново доживување. Студентите понудија разновидност, ми се допадна тоа што секој од нив имаше посебен стил и проект за презентација. Она што е за пофалба е и вашата работа како Школа, бидејќи пристапот кон студентите ви е неформален, а студиозен од почеток на нивните студии до крајот. За таа една година, веднаш се гледа како студентите прогресираат, а и нивната лична креативност. За младите, ова е одличен начин да се стекнат со знаење коешто ќе им биде потоа можност за работа.
Моето комплетно искуство е одлично и несекојдневно. Им посакувам на сите успех, а времето ќе покаже чиј квалитет ќе се издигне во модната индустрија.
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
Настанот е дел од предметите „Развој на лична кариера“ и „Бренд Менаџмент“ коишто се единствени предмети од ваков тип во неформалното образование со цел да им помогнат на студентите во нивниот понатамошен професионален развој и трајно вработување.
Поразговаравме и со наставниот координатор Ангела Николовска за искуството и традицијата од овој настан.
Поврзувањето на креативните индустрии со студентите е нашиот најголем приоритет! Од искуството во минатото можеме да заклучиме дека овој настан е од исклучителна важност за развојот на нашите студенти. Тука ги остваруваат првите деловни контакти и професионални соработки и нивните први работни искуства. Минатогодишните искуства ни покажуваат дека првата пракса за нашите студенти значи и долгогодишно вработување.
Благодарност до сите компании коишто се вклучија во овој дводневен „саем“ на новата генерација. Ви благодариме што заедно ја обликуваме сцената! ♥