Skip to content
скала академија графички дизајн

Зошто 20% од студентите на „Скала“ доаѓаат од други академии !?



Како лидери за квалитет во неформалното образование, наша одговорност е да ги следиме предизвиците и да создаваме можности за идните генерации. Токму затоа ни е важно да ги запознаеме нашите студенти, нивните потреби и претходни искуства во образовниот процес. За таа цел, спроведовме квантитативно и квалитативно истражување на 78 испитаници од актуелните студенти на академиите во „Скала“. Анализата од истражувањето ја поделивме на три сегменти: моментален статус, искуство од формално и неформално образование.


СТАТУС


Од вкупниот број испитаници, 47% од студентите се изјасниле дека се во редовен работен однос, додека 21% се невработени лица, што е многу интересен показател, имајќи предвид дека најчестата причина за студирање помеѓу вработените е потребата од преквалификација. Ова е охрабрувачки податок генерално како заедница, што ја навестува храброста и решителноста за промена! 

статистика скала дизајн маркетинг




Ја прашавме Стефани, земајќи го во превид нејзиното досегашно работно искуство, која беше потребата од запишување на Академија за Дигитален маркетинг?

Во текот на мојот професионален развој, секогаш сум се водела од принципот на континуирано учење и усовршување. И покрај моето деветгодишно искуство во маркетинг и односи со јавноста, сметам дека секогаш има простор за напредок и надоградување.

Дигиталниот маркетинг е динамична област што постојано се развива, а за да останам конкурентен и ефикасен професионалец, неопходно е да бидам во чекор со најновите трендови, алатки и стратегии.

Верувам дека „Скала“ ќе ми овозможи да ги ажурирам моите знаења и да ги применам најновите стратегии во секојдневната работа.

– Ни сподели Стефани Неделкова Кузманоска.

 


ОБРАЗОВАНИЕ


Образованието е доживотен процес, нè радува фактот што нашите студенти свесно и континуирано работат на својот раст и развој. Значителен дел или 73% од студентите, пред нивното запишување во „Скала“, имаат претходно искуство, студирајќи на други државни или приватни факултети или академии и тоа најчесто од истата област којашто моментално ја студираат во „Скала“.

 

статистика скала дизајн маркетинг

 

Го прашавме и Бојан, студент на Академијата за ентериер и продукт дизајн, кој истовремено е дел од тимот на „Monozero“ – студио за продукт дизајн и висококвалитетен мебел, за потребата од дообука и доквалификација.

Како продукт дизајнер, секогаш сум се стремел кон проширување на моето знаење и подлабоко разбирање на дизајнот како целина. Академијата за ентериер и продукт дизајн ми даде можност да се запознаам со нови алатки, техники и пристапи кон просторот, што значително го унапреди мојот креативен процес.

Дополнително, стекнав нови вештини и зголемив можности за професионален развој. Со новото знаење, се чувствувам посигурен и подготвен за покомплексни и интердисциплинарни проекти.

На кратко, ова беше логичен чекор напред – ми помогна да растам како дизајнер и да станам поконкурентен во индустријата. – Изјави, Бојан Паскоски.

статистика скала дизајн маркетинг

Во контекст на истражувањето, се забележува потребата од дообука на студентите кои веќе завршиле академија или курсеви од иста дејност или 18,5% од тековните студенти веќе биле студенти во друга школа на иста академија, што за нас е огромна пофалба и мотивација, но истовремено и одговорност!

Разговаравме со Тања, за причините поради коишто се одлучи да се запише на Академија за Графички дизајн, по завршени неколку месечни курсеви од истата област?

Желбата за промена на професија, личен развој и усовршување на моите креативни способности ме поттикнаа да направам чекор напред.

Академијата за графички дизајн во „Скала“ ја одбрав поради силниот прв впечаток што го оставија просториите на „Скала“, како и професионалниот и инспиративен пристап.

За мене, оваа академија не е само формално образование, туку вистинска можност за професионален раст. – Изјави, Тања Грнчаревска. 

Во рамките на истражувањето, испитаниците ни споделија дека програмата и фондот на часови, менторите и успехот на алумни-студентите на школата играат клучна улога во донесувањето на одлука при запишување на академија. 

Значајно е да се напоменат и податоците коишто ни откриваат повеќе за моменталното задоволство од програмите на академиите за дизајн во нашата школа, каде што 93% од испитаниците се изјаснија дека се задоволни од истите, додека пак, повеќе од половина се незадоволни од нивните претходни искуства во формалното и неформалното образование. 

статистика скала дизајн маркетинг



Во свет кој постојано се менува, учењето не завршува со диплома – туку со постојана желба за надградување. „Скала“ останува платформа каде што ентузијастите за личен развој го оформуваат својот професионален идентитет, градејќи знаење кое вистински отвора врати. 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: