Skip to content
Ана Младеноска академија за моден дизајн скала

Студентски искуства: Ана Младеновска – Моден дизајн

Од Data Science до моден дизајн: кога аналитиката се сретнува со креативноста

 

„Скала е заедница од млади таленти и посветени професори кои несебично го споделуваат своето знаење и искуство, со цел од секој студент да се изгради самостоен и професионален креативец.“

 

Академијата за моден дизајн во Скала во Скопје е програма за практично и професионално образование во областа на модата. Наменета е за студенти од различни професионални позадини — вклучувајќи и IT, економија, уметност или сосема друга индустрија — кои сакаат сериозно да започнат или пренасочат кариера во модната индустрија.

Ана Младеноска е магистер по компјутерски науки (Data Science in Computer Science and Engineering) и професионално работи во IT компанијата
Magix.AI. Но паралелно со алгоритми и податоци, таа избира да гради и нешто сосема поинакво, сопствен визуелен свет преку Академијата за моден дизајн  во Скала.

 

Ана е од оние девојки што никогаш не мируваат. Возење точак (и на снег), пливање (не ја прашавме дали и на снег), книги, дружење… се само дел од нејзиното секојдневие.

Инспирација не ја следи од трендови, туку од реалноста. Од видено. Од доживеано. Нејзиниот пристап кон модата е јасен: уникатност, одржливост и промислен дизајн.

 

Искуството на Ана – одговори од прва рака…

 

Би сакалa да дизајнирам облека за…
Луѓе што сакаат да изгледаат уникатно и посебно, со автентични парчиња облека.

Ре-употребување на материјали, затоа што…
Надоградбата може да биде многу подобра од оригиналот, притоа заштитувајќи ја природата од дополнителен отпад.

Омилена модна епоха…
Златната доба на 50-тите („The New Look“).

Омилен моден дизајнер…
Christian Dior.

Најчесто инспирација црпам од…
Уникатни делови што сум ги видела со свои очи.

Страна / Instagram профил / списание што ги следам…
yana_pries
schiaparelli
whowhatwear
Списание: ELLE

 

Ана Младеноска академија за моден дизајн скала

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

 

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
Трудот, посветеноста, падовите и истрајноста секогаш се исплаќаат — но многу подоцна.

Никогаш не би „киднала“ од часот…
Затоа што секоја секунда е битна, а секое предавање од професорите носи своја вредност и значење.

После часовите…
Се продолжува со домашни 😂

Мојот сон…
Атеље со уникатни парчиња облека — по еден модел од секој.

 

Ана Младеноска академија за моден дизајн скала

Академијата за моден дизајн во Скала се одвива со физичка настава во Скопје и комбинира:

 

  • практична работа (кроење, шиење, развој на модели),
  • менторство од активни професионалци,
  • работа на реални концепти и авторски колекции,
  • развој на сопствен визуелен јазик,
  • градење професионално портфолио.

Студентите не учат само техники — туку градат дисциплина, процес и начин на размислување што може да стане основа за сопствен бренд, атеље или професионален ангажман во модната индустрија.
Програмата е отворена и за почетници и за лица кои доаѓаат од сосема поинаква професионална позадина и размислуваат за кариерна промена кон моден дизајн.

 


Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Мелани Марјановиќ
Фотографија: Ангелина Наумовска, Викторија Андреевска, Маринела Блажеска
Дизајн: Ева Парапански
Веб уредување: Ева Парапански

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: