Skip to content
скала студенти академија графички дизајн веб ентериер мода

Стипендистите ве повикуваат на последен повик за стипендии!

На првиот отворен повик за стипендии, за учебната 2023/24 год. доделивме 12 стипендии, од коишто 4 целосни и 8 делумни стипендии и тоа:

 

 

Целосни стипендии:

Елена Божиновска, Академија за UX/UI+ дизајн;
Стефан Божиновски, Академија за визуелни уметности;
Зорица Ставрова, Академија за ентериер и продукт-дизајн;
Никола Мијатовиќ, Академија за моден дизајн;

Делумни стипендии (половични):

Трајче  Стојанов, Академија за графички дизајн;
Николина Тасевска, Академија за графички дизајн;
Ивана Јосифоска, Академија за UX/UI+ дизајн;
Татјана Гиновска, Академија за моден дизајн;
Антонија  Петковска, Академија за ентериер и продукт-дизајн;
Сања  Делева, Академија за ентериер и продукт-дизајн;
Огнен Анчевски, Академија за визуелни уметности;
Крсто Глигорјадис, Академија за визуелни уметности.

Честитки на сите студенти и им посакуваме продуктивна и креативна учебна година!

СТИПЕНДИИ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ТВОЈАТА КАРИЕРА

 

За сите кои го пропуштија првиот повик, а имаат желба и насока да започнат кариера во креативните индустрии, Скала од 21 септември до 5 октомври, ве повикува на вториот отворен повик за доделување на 6 целосни и 12 половични стипендии за учебната 2023/24 на академиите:

Со цел да ве охрабриме да пристапите кон нашиот втор повик за стипендии, решивме поблиску да се запознаеме со некои од нашите стипендисти:

Разговорот го започнавме со Зорица Ставрова и Сања Делева стипендистки на Акдемијата за ентериер и продукт-дизајн кои ги прашавме: „Што те мотивираше да се пријавиш на повикот за стипендии?“

Прво, мојата лична желба за учествување во екстра активности коишто не се во рамките на формалното образование. Втората причина го подразбира професионализмот којшто го поседуваат лицата на „Скала“. Кога велам лица, мислам и на професорите и на студентите за кои е доволно да се слушне едно интервју и да се забележи симбиозата на функционирање. Навистина примамлива средина.

На истото прашање се надоврза и Сања Делева која пак, ни сподели…

Освен тоа, Академијата е една од ретките, ако не и единствена кај нас, со којашто луѓето имале само позитивно искуство. Затоа сум сигурна дека тука ќе се стекнам со знаења и вештини коишто ќе бидат од огромно значење за идните, лични успеси. 

За впечатоците и искуството од интервјуто, си позборувавме со Ивана Јосифоска, стипендист на Академијата за UX/UI и Антонија Петковска, Академија за ентериер и продукт-дизајн, коишто ни споделија…

Самото интервју помина доста интересно, интерактивно и лесно токму поради фактот дека истото е еден вид на разговор меѓу креативци за сѐ она коешто нас нѐ води. Беше еден вид на ново искуство, овозможувајќи ми доста лесно да се опуштам и поврзам повеќе со сѐ она за коешто и иницијално бев заинтересирана.

Антонија пак, ни сподели како ја преброди својата трема преку разговор…

Имав малку трема и секако возбуда, а јас сум човек кој кога ги има во моментот тие две чувства, не престанува да зборува, па интервјуто се одвиваше со смеа, добра комуникација и совети коишто нема да ги заборавам!

 


На споделувањето на интервју-искуствата, се надоврзаа Татјана Гиновска, стипендист на Академијата за моден дизајн и Трајче Стојанов, стипендист на Академијата за графички дизајн…

Од самото влегување, добив некаков необјаснив комфорт, бев максимално релаксирана и разговорот имаше супер тек и доста смеење, сите личности кои ги запознав беа многу пријатни. 

Трајче на овој одговор дополни… 

Опуштено, отворено и пријателски настроено. Ми се допадна тоа што имаше добар баланс на формалност и неформалност!

 


Поразговаравме и со Стефан Божиновски и Крсто Глигорјадис, стипендисти од Академијата за визуелни уметности кои ни споделија повеќе за нивните претходни искуства и зошто решиле да продолжат со студии токму на нашата академија?

 

Претходното искуство е главно од областа на ликовните уметности, имајќи завршено додипломски студии на Факултетот за ликовни уметности. Исто така, независно се занимавам со видео и фотографија, како и сценографија и театар, особено во последните две години. Она што чувствував дека формално ми фали како знаење, искуство и пракса беше проширеното поле на визуелните уметности, токму вклучувајќи ги и испреплетувајќи ги дизајнот, илустрацијата, фотографијата и филмот. Во рамките на Академијата за визуелни уметности, увидов токму ваква специфична, а воедно и широка, комбинирана програма којашто верувам дека ќе ми помогне да ги проширам искуствата и видиците и да се надоградам како креативец! -ни сподели Стефан.

Крсто, присетувајќи се на своите искуства и уметнички подвизи, ни сподели…

На почетокот, работев интуитивен апстрактизам со комбинирани техники, но во последните неколку години, работам на нетипични современи уметнички пракси како перформанс, партиципативна уметност, инсталации. Па затоа, се одлучив да се запишам на Академијата за визуелни уметности со цел развивање и учење на различни вештини и методи коишто ќе ми помогнат во реализирање на моите сеопфатни анализи и идни проекти.

Нивниот колега Огнен Анчевски, исто стипендист на Академијата за визуелни уметности, има повеќегодишно искуство со нашите програми, па на ова прашање тој се надоврза…

Работам како фотограф/видеограф веке 10 години, зад мене имам завршено 3 курса за фотографија и еден за постпродукција на фотографија во „Скала“ – поранешно „Џолев и уметностите“ и имам една година како EVS во Данска. Таму работев во локална телевизија и тоа за мене беше огромно искуство, не само на професионално ниво, туку и на приватно. Ја избрав „Скала“, бидејќи од моето претходно искуство сум презадоволен од знаењата коишто ми биле пренесени. 

 

СТИПЕНДИИ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ТВОЈАТА КАРИЕРА

За сите кои го пропуштија првиот повик, а имаат желба и насока да започнат кариера во креативните индустрии, Скала од 21 септември до 5 октомври, ве повикува на вториот отворен повик за доделување на 6 целосни и 12 половични стипендии за учебната 2023/24 на академиите:


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ!

https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2021/09/24/stipendistite-ve-povikuvaat-na-povik-za-stipendii/
https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2022/09/16/stipendistite-ve-povikuvaat-na-povik-za-stipendii-2/
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: