Скала Школата за дизајн на отворениот повик за стипендии, ќе додели вкупно 30 стипендии за упис на 6 целосни и 12 делумни стипендии и 12 ваучери со 25% попуст за уписи на Академиите за графички дизајн, UX/UI+ дизајн, визуелни уметности, ентериер дизајн, моден дизајн, и фотографија и тоа:
- 6 целосни стипендии (100% намалување на школарината);
- 12 делумни стипендии (50% намалување на школарината);
- 12 ваучери со 25% попуст
Во тек е повикот за стипендии во Скала Школата за дизајн, за сите оние кои имаат желба и насока да започнат кариера во креативните индустрии. Повикот е активен до 30 јуни, за учебната 2023/24 на Академиите:
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ!<<
Со цел да ве охрабриме да пристапите кон нашиот повик за стипендии, решивме поблиску да се запознаеме со некои од нашите стипендисти од изминатата година. Тие ни споделија како се решиле на чекорот да се вклучат во Скала академиите, но и искуството со интервјуата, и воопшто – целосниот впечаток.
Го прашавме Стефан Трпески стипендист на Академијата за визуелни уметности, што те мотивираше да се пријавиш на конкурсот за стипендии?
СТЕФАН:
Периодот кога Скала ги доделуваше стипендиите, јас бев во процес на менување кариера, затоа што претходно студирав молекуларна биологија, и повеќе не се гледав во тоа поле.
Повеќе од 2 години фотографирав како хоби и сакав да го усовршам моето знаење за фотографија. Тогаш, на Инстаграм ми се појави реклама за стипендии од Скала, ја видов, почнав да читам кои се „Скала“ и кои се Академиите и се пријавив на повикот за стипендии. The rest is history!
На ова се надоврза и Александра Азманова, стипендистка на Академијата за UX/UI.
АЛЕКСАНДРА:
Запишувањето и посетувањето на Академијата дефинитивно е најдобрата одлука што досега ја имам направено за мојата кариера. Желбата да го надоградам своето знаење, но и да се инспирирам и мотивирам ме поттикнаа да го направам тој чекор. Знаењето што континуирано го добивам е она за кое што и се пријавив да бидам дел од Скала.
Со Иван Гекиќ, стипендист на Академијата за визуелни уметности, поразговаравме за неговото претходно искуство и зошто токму реши да продолжи со студии на нашата академија.
ИВАН:
Баш токму поради тоа што во програмата го содржи она што ми беше потребно да се надоградам во мојата професија, решив да се запишам на Академијата за визуелни уметности. Долго време сакав да се запишам, па го подготвив моето портфолио и аплицирав.
Немав некои посебни очекувања пред интервјуто, немав трема и не погрешив, затоа што сѐ помина опуштено, супер, пријателски и кул!
ПОГЛЕДНИ АКАДЕМИИ! <<
Стипендистот на Академијата за моден дизајн, Тони Петрушевски ни сподели кој му бил примарниот мотив и искуството на Академијата:
ТОНИ:
Ја одбрав оваа Академија знаејќи кои ментори предаваат на истата. Искуството беше позитивно и од двете страни, имав прилика да го презентирам моето портфолио и да одговорам на неколку прашања од наставниот координатор Ангела Николовска и од модната дизајнерка Ирина Тошева. Голема благодарност до нив и до Академијата за довербата да бидам дел од стипендистите.
Можам да кажам дека мојот мотив беше различниот метод на образование. Освен факултетското образование коешто е примарно и во кое сѐ уште сум дел, имав желба да го искусам и овој начин што многу повеќе ми одговара. И не погрешив!
Додека пак Александар Стевананџија, стипендист на Академијата за графички дизајн, ни го сподели неговото искуство со Академијата и интервјуто.
АЛЕКСАНДАР:
Сакав да си ја остварам желбата да учам графички дизајн – од таму започна сѐ. Едноставно се потрудив да научам некои програми и да направам некои дела, а стипендијата ми дојде баш како поддршка. Претходното искуство ми е припрема на портфолио за стипендија и конечната одлука да студирам на Скала Академијата.
Интервјуто ми помина забавно, ептен јако! Малку бев под стрес, што се покажа беспотребно 🙂
Андреј Стамевски од Академијата за UX/UI+ дизајн ни сподели дека најважно од искуството му било да ја преточи страста за дизајн во едно ново патување низ дизајнерскиот свет:
АНДРЕЈ:
Ја избрав оваа Академија поради широкото портфолио на предмети која ја нуди студиската програма. Како Магистер по дизајн, секогаш сум бил во првите борбени редови кога станува збор за образование, дизајнот е жива материја која секојдневно се менува и циркулира околу нас.
На прашањето како си помина на интервјуто, на крајот ќе заклучи:
Интерактивно и интересно се само сегменти од интервјуто, но нека остане мистерија, за да останете љубопитни и да аплицирате за да дознаете какво искуство ве очекува!
Интервјуто е само првата скала која ја качуваме за да ја оствариме посакуваната цел на Академијата Скала 🙂
ВАЖНО: Кандидатите кои ќе аплицираат, ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите, пред кои ќе имаат можност да се претстават преку интересот за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.
Возможни се два типа на интервју (поделени во две различни категории) и тоа, 1. кандидати со искуство од дејноста и 2. кандидати без претходно искуство.
Двете категории имаат различен систем на вреднување.
Повеќе информации: 076 266 740
✰
Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување и можностите по завршување на Академијата.