Соработката помеѓу модната куќа „Bella“ и студентите од Академијата за моден дизајн, од„Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии (поранешно „Џолев и уметностите), е со цел многу талентирани млади креативци да си го најдат своето работно гнездо, напредувајќи во кариерата и професијата која сакаат да ја работат со многу љубов. Во мигов тројца веќе се активни во процесите на работата, а освен нив, има и студенти кои доаѓаат на пракса. Главната цел на Школата е преку вакви соработки да се понуди можност за иден развој и перспектива, а преку трудот кој заедно го вложуваат работејќи во Bella како компанија, им се овозможува раст како креативци, но и професионалци.
За брендот Бела има навистина многу да се каже. Почетокот на приказната почнува во 1991 година, а трае до денес. Идејата на Bella е да ја претстави современата деловна и модерна жена и нејзината безвременска вредност преку елеганција и стил. Преку 30 години, оваа компанија создава уметност, усовршувајќи го брендот и создавајќи вредности за модните фантазии на она што значи современа облека за жени и девојки. Примарен фокус им е квалитетот, идејната вредност како едно парче материјал кое стигнува до готов производ. Но, не само тоа, кога станува збор за работењето, во Bella со голема внимателност и стручност се бира професионален обучен кадар, кој создава беспрекорно и резултира со извонреден стил и етаблирање на брендот.
За да ви ја доловиме таа атмосфера, решивме да издвоиме една од тие соработки и да влеземе во позадина на нештата, за тоа што прават студентите всушност, по завршувањето на Академијата. Бевме во посета на фабриката, која е навистина светски организирана, во поглед на архитектонското решение, просториите за кроење, моделирање, административните простории, но и целиот простор „дише“ со активност и комуникација. За соработката, разговаравме со генералниот менаџер на Bella, Симон Eндровски.
Како би ја опишале соработката со нашата школа?
СИМОН: Накратко би рекол – успешно. Ние добиваме кадри, вие ги пласирате вашите студенти и мислам дека ситуацијата е win win за двете страни. За нас најважно беше да имаме од каде да „повлекуваме“ кадри. И покрај тоа што порано имаше други школи што даваа дипломи со оценки од нашата дејност, кај вас нема оцени но кадрите се обучени доволно добро за од старт да се подготвени за работа. Вие успевате да извадите спремни кадри кои можат да се дообучат во индустријата, нешто што нам ни е примарно потребно.Како сте задоволни од работата на нашите студенти во вашата компанија?
СИМОН: Откако ќе успееме да ги дообучиме, сме многу задоволни, а најбитно ни е да имаме кадар кој веќе почнал од некаде. Што ги разбира процедурите на работа. Она што ни е важно е дека од кај вас доаѓаат луѓе кои веќе го совладуваат и практично знаат да го применат она за што се запишале и за што го учеле на Академијата, бидејќи потребни ни се обучени кадри. Дел од нив остануваат кај нас, друг дел продолжуваат со кариерата понатаму. Јас искрено се надевам дека дел од нив учат и понесуваат искуство и од нас овде.
Од нашата Академија, во моментов таму се активни тројца нови студенти на пракса. Една од нив е и Марија, која ни кажа дека праксата во Bella и е голем предизвик и постојано учи. Кога бевме да ги фотографираме, во просториите на компанијата владееше прекрасен амбиент. Сите во своите сфери, со различно темпо, а сите кохерентни. Се видовме со студенти од различни генерации – од учебната 2016/17, до 2021/22. Таму се Никола, Катерина, Андријана… Освен нив, на пракса се и Марија, Милица и Сара. Работниот ден им е исполнет и секогаш со нови „мерки“, зависно потребите дента.
За ангажманот на нашите студенти разговаравме и со нашиот ментор Никола Булески, кој е специјалист за конструкција на облека во компанијата „Bella“, да ни сподели впечатоци од соработката со нив.
Поради мојот ангажман во модната куќа Bella сум постојано во контакт со нашите студенти кои сега работат таму. Секој ден поминат во фабрикaта го минувам со Никола, Кате, а и со Андријана. Со Никола соработувам при изработката на кроевите и на прототиповите и никогаш не сме имале проблем. Кога нешто не е јасно во скиците разговараме како да дојдеме до соодветно решение.
Со Кате пак соработуваме при дигитализацијата и компјутерската обработка на кроевите. Нашата соработка е засега беспрекорна. Се почитува моето мислење, но повремено и се изнаоѓaат нови решенија со кои јас целосно се согласувам и ги поддржувам.
Горд сум што во Bella постојано постојано работат наши студенти и со својата работа придонесуваат овој македонски бренд да опстојува на пазарот со тенденција да граби напред и во иднина да излезе надвор од границите на нашава земја. Многу е важно да создаваме културолошки прилики за новите деца да имаат од каде да учат, а Bella како компанија стои токму зад овие високи стандарди – вели тој.
За ангажманот и работните обврски, студентите дадоа заедничка изјава во која ни кажаа за тоа што работат.
Никола Јовановски заради афинитетот кон дизајнот и суптилниот пристап кон модата е избран од менаџерот на Bella за дизајнерските потреби на истата, каде што оваа позиција ја исполнува заедно со Ана Ендровска.
Како првоизлезен студент од академијата, дел од тимот е Катерина, која веќе неколку години несебично го споделува своето искуство и знаење, а Андријана пак, е веќе вработена како моделар.
Истенчениот вкус и прецизност на менторот Булески оствари одличен избор за денешните позиции на Никола Јовановски како дизајнер, и Катерина и Андријана како моделари.
Нивната дружба од студенти на академијата премина во професионална дружба и конструктивни остварувања. Придобивките се взаемни и за Академијата и за Bella, како и за студентите.
✰✰✰
Уписите за најдобрата Академија за моден дизајн се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.