Овој семестар мразот на испитните сесии први го скришија студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Генерацијата на дигитални маркетери имаа можност да го претстават својот проект, односно дигитална маркетинг-кампања пред своите ментори и да прикажат како се развивал нивниот процес при создавање на истата.
Што се крие зад успешно положен испит?
Разговаравме со Валерија Шојлевска, студентка на Академијата за дигитален маркетинг во „Скала“ и менторката, Катерина Дукоска, за да ги дознаеме нивните искуства, совети и осврти од две различни страни на школсите клупи.
СТУДЕНТСКИ ИМПРЕСИИ ОД ИСПИТНАТА СЕСИЈА
Ја прашавме Валерија како би го опишала искуството од испитната сесија и што всушност претставуваше нејзиниот проект.
Испитната сесија помина во прекрасна позитивна атмосфера. Не можам да кажам дека на почетокот самиот термин ,,испитна сесија’’ не ми создаде возбуда, но токму затоа Ирена и Оливера беа до нас и ни посветија сесии во коишто детално се потрудија да нѐ подготват за сето тоа што ќе нѐ очекува на самата сесија. Задачите беа навремено доставени и имавме доволно време да го подготвиме материјалот што самите имавме можност да го избереме. Мојот проект беше изработка на маркетинг стратегија на тема ,,Започнаа уписите во Скала’’, во којашто опфатив сето она што во изминатиот семестар имавме можност да го учиме. На самиот почеток, добивме детално објаснување што треба да содржи нашата маркетинг стратегија, односно на што конкретно треба да се фокусираме во полето на секој предмет. Оваа маркетинг-стратегија за мене претставуваше реална слика да видам што сум совладала, а на што треба да посветам повеќе внимание и фокус. За тоа многу ми помогнаа нашите ментори, кои по нашето презентирање на проектот ни даваа конструктивни критики, со цел подобрување на самиот материјал, а истите беа со нас и во самиот процес на создавање на проектниот материјал, за било какви прашања или предизвици со коишто би се соочиле при изработката.
Зошто Академија за дигитален маркетинг во „Скала“?
„Скала“ како школа за дизајн и технологија ја следев одамна, и во првиот момент кога го видов повикот за упис на Академијата за дигитален маркетинг, веднаш знаев дека тоа е местото каде што јас ќе се пронајдам. За овие неколку месеци, не само што Академијата ги исполни моите очекувања – истата успеа и да ги надмине. Менторите, вработените во „Скала“, наставата, добрата организираност и подготвеност за да бидеме во тек и во постојана комуникација за било што – се само мал дел за да опишам колку оваа Академија е создадена со љубов и посветеност, а ние имавме можност да го почувствуваме тоа уште со првото предавање! – сподели Валерија
☆
Академија за дигитален маркетинг
Закажи средба со нашиот тим.
☆
МЕНТОРСКИ ОСВРТ
Менторката по Е-маил маркетинг, Катерина Дукоска ни даде осврт на важноста на испитниот проект и неговата поврзаност со реалните предизвици во дигиталниот маркетинг.
Целта на испитниот проект е да се подготват студентите за реални предизвици што ги носи дигиталниот маркетинг. Овој проект е клучен, бидејќи им овозможува на студентите да ги применат теоретски знаења во пракса, симулирајќи вистински бизнис сценарија каде што треба да креираат комплетни дигитални маркетинг-кампањи. Тие се соочуваат со предизвици како што се целна публика, стратегија, е-маил маркетинг и бренд-менаџмент, што им помага да развијат вештини коишто директно се применливи во нивните идни кариери.
СОВЕТ ЗА СИТЕ ИДНИ НО И СЕГАШНИ „СКАЛАЏИИ“
Што би ги посоветувале идните, но и тековните студенти на Академијата за дигитален маркетинг?
На идните и сегашните студенти на Академијата, би им препорачала да останат активно ангажирани и константно да бараат можности за учење. Дигиталниот маркетинг е брзо менувачко поле и бара постојано надградување на знаењата и вештините. Важно е да бидат креативни, да експериментираат со нови технологии и платформи и да ги разберат длабочините на аналитичкото мислење за ефикасно мерење на успехот на своите кампањи. Секогаш да бараат повратна информација и да ја користат истата за да ја подобрат својата стратегија. – ни сподели менторката Катерина Дукоска
Додека пак, Валерија им порача на сите идни „Скалаџии“…
Академијата за дигитален маркетинг со сигурност можам да кажам дека е најдобрата одлука за мене. Во целост успеа да ги надмине моите очекувања. Не се плашете да бидете она коешто сте и секогаш трудете се да бидете најдобрата верзија од себеси, и доколку мислите дека токму Вие припаѓате на оваа Академија – слободно преземете го првиот чекор, и не се сомневам дека, како мене, така и вас ова ќе ви претставува една од најдобрите одлуки што некогаш сте ја направиле!
♡
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг на првата испитната сесија се претставија со прокет за маркетинг-кампања, секоја од различна природа. А покрај менорката Катерина Дукоска, нивни ментори беа и: Димитар Јовевски, Владимир Ристевски, Сузана П. Никифорова, Иљче Затараковски и Елена Костовска.
Академијата за дигитален маркетинг е во партерство со full-service маркетинг агенцијата „Пиксел“. Студентите имаат можност да учат од врвни ментори со долгогодишно искуство во областа на дигиталниот маркетинг и да бидат во тек со сите актулени трендови и стратегии од областа.