Фестивалот Socialize 2025 донесе свеж бран на најновите трендови и иновации, поставувајќи ги темелите на новата ера на дигиталните медиуми и технологии.
Преку излагања на некои од највлијателните експерти од Македонија и регионот, посетителите имаа можност да присуствуваат на работилници, панел-дискусии и сесии за вмрежување. Настанот привлече над 400 учесници, меѓу кои: маркетинг професионалци, технолошки експерти, претприемачи, инфлуенсери, контент креатори, студенти и ентузијасти од различни сектори на дигиталниот и технолошкиот екосистем.
Скала беше дел од фестивалот како партнер, а активно учество имаа и студентите од сите академии – од логистика, до фотографија и продукција.
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг [погледни повеќе] се вклучија уште во раната фаза на организација, како дел од логистичкиот и организацискиот тим. Ова беше одлична можност за практична примена на знаењата и директно учество во реализацијата на настан од ваков обем – прв од ваков тип во нашата земја.
☆
Тука
☆
Фотографското покривање на фестивалот им беше доверено на студентите од Академијата за фотографија [погледни повеќе], кои ја документираа атмосферата и динамиката на целиот настан, стекнувајќи искуство во event photography во реална продукциска средина.
На штандот на Скала, пак, беа присутни студенти од сите академии [погледни повеќе], кои ја претставуваа заедницата на Скала, споделувајќи ги своите искуства со заинтересираните посетители.
Еден енергичен и инспиративен ден беше крунисан со свеченото доделување на првите Socialize Awards, за кои дел од жирито беа и ментори од академиите на Скала:
Гордана Вренцоска, Милан Савов и Дејан Џолев, кој лично ја врачи специјалната награда на тимот на „Support Kochani“.
Под темата „Локални ѕвезди со глобални успеси“, конференцискиот дел понуди богата програма исполнета со инспиративни говори, панел дискусии и ексклузивни презентации. Темите ги опфатија најновите трендови во маркетингот, влијанието на LinkedIn, рецептите за успешни TikTok видеа, растот на феноменот Creator CEO, разликата помеѓу инфлуенсери и креатори на содржина, еволуцијата на моделот Buy Now, Pay Later (BNPL), важноста на UX и содржината, улогата на вештачката интелигенција, регулативата за инфлуенсерите, како и инспиративни приказни за раст и скалирање на дигитални бизниси. А меѓу говорниците беа и ментори од Скала: Владимир Ристевски, Мила Раковиќ, Милан Савов и Димитар Јовевски.
Се гледаме следната година – со уште побогата програма и повеќе инспирација!
Види повеќе за самиот настан тука
Фотографии: Ристо Толичев и Вулнет Џелили