Skip to content
скала академија за графички дизајн александра стојковска

Запишувањето во „Скала“ беше мојата најдобра одлука!

Александра Стојковска е наша алумни-студентка која ја запознавме како дел од генерацијата 22/23 на Академијата за графички дизајн. Таа секогаш зрачи позитивна енергија и ентузијазам, негувајќи различни хобиња како: цртање, фотографирање и пешачење во природа.

Уште за време на Академијата, Александра имаше желба да работи во дизајн- студио, а таа желба стана реалност кога ја започна својата пракса во Кома Дизајн студио. Таа ни раскажа како е да се работи во едно од најпознатите дизајн-студија и каков бил патот дотаму.

 

Што беше клучно за да се запишеш на Академијата за графички дизајн во „Скала“? Или генерално да студираш графички дизајн?

Чувствував дека морам да најдам начин да ја пренесам мојата креативност на луѓето околу мене, моите ставови, мислења, чувства и сето она коешто не може да се искаже со зборови.

 

Пред сѐ, честитки за твојата прва пракса! Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за графички дизајн! Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам! Мислам дека во еден наврат имам кажано дека на Академијата се запишав многу случајно и дека тоа е мојата најдобра одлука досега и сѐ уште го мислам истото. Академијата ги исполни моите очекувања во целост.

 

На кој начин сметаш дека Академијата ти помогна во твојот професионален развој?

Без знаењето коешто го стекнав на Академијата немаше да можам да ја работам работата којашто ја сакам.

 

Дали може да издвоиш некој модул, предавање, ментор или предмет којшто посебно ти значи како искуство?

Според мене, сите предавања и предмети се подеднакво важни и подеднакво треба да им посветиме внимание. Како графички дизајнери, треба да имаме познавање од повеќе сфери коишто се поврзани со дизајнот за да на крајот добиеме продукт којшто ќе ги задоволи и нашите и очекувањата на клиентите.

 

скала академија за графички дизајн александра стојковска

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за графички дизајн
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера! 

 

Честитки уште еднаш за праксата! Веруваме дека ова е значаен чекор за твојот понатамошен развој. Сподели ни повеќе информации за компанијата. Која е нејзината примарна дејност и цел?

Ви благодарам уште еднаш <3 Во моментот, сум практикант во „Кома Дизајн Студио“ и можам да кажам дека целосно се пронајдов во работата, научив многу од колегите и се разбира, сѐ уште учам. Во „Кома Дизајн Студио“, работиме на бренд-дизајн, постер-дизајн, дизајн на лого, веб-сајт, книги, брошури и слично. Многу сум среќна што имам можност да работам со професионалци и истовремено да учам од нив.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Јас во моментот,  работам на позиција junior graphic designer и мојот работен ден најчесто започнува во 09:00 часот наутро. Работата е навистина динамична и обемна, имаме премногу клиенти и проекти коишто треба да се заврашат во зададен рок. Но, тоа не ми претставува проблем, бидејќи на секој нареден проект учам нешто ново и го надоградувам своето знаење. Би сакала секој да доживее вакво работно искуство.

 

Дали имаш некои специфични техники, алатки или методи во креирањето на твоите дизајни коишто би сакал/а да ги споделиш со нашата заедница? Или пак некоја платформа, веб-страна, дизајнер кој го следиш или сл.?

Претежно работам на Adobe Illustrator и Adobe InDesign. Во слободно време изработувам персонализирани илустрации и постери со колаж-техника, тоа ме релаксира, бидејќи имам тотална слобода во дизајнирањето.

 

Ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. За крај, што би ги советувал/а сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат графички дизајн?

Графичкиот дизајн ти дава можност да бидеш гласен без да изустиш ниту еден збор. Би ги советувала сите кои го сакаат дизајнот и се креативни личности да си дадат можност и да пробаат нешто ново. Сигурна сум дека нема да згрешат доколку ја изберат Академијата за графички дизајн во „Скала“.

 

 

Инаку, студентите од Академијата за графички дизајн, во првиот семестар ги следеа предавањата по предметите: Естетика и историја на уметност и дизајн, Цртачки и сликарски техники, Фотографија, Постпродукција (Adobe Photoshop), Илустрација (Adobe Illustrator), и Типографија (Adobe InDesign).

Во вториот семестар, тие ги слушаа предавањата по: Графички дизајн, Методологија на дизајн, UX/UI-дизајн (Figma), Дизајн-размислување, Социјални медиуми, Технологија на печат и Кариера и интелектуална сопственост.

 

Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.

академија за графички дизајн-скала

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: