Skip to content
скала подарува

Скала подарува: шанса за твојата иднина!

Што ако ти кажеме дека на 8 март можеш да направиш чекор што ќе ја промени твојата кариера? Без трошоци, без ризик – само знаење, алатки и можности што те носат чекор поблиску до успехот!

 

„Скала подарува“ е онлајн настан модериран од Дејан Џолев, основач и CEO на Скала, каде што ќе добиеш одговори на клучните прашања за личен и кариерен раст. Без разлика дали си студент или професионалец во подем, ова е твојата шанса да добиеш пристап до бесплатни ексклузивни ресурси што можат да направат разлика.

 

Што можеш да добиеш на 8 март?

✔️ Бесплатни работилници и курсеви во најбараните професии на иднината.
✔️ Бесплатно кариерно советување за подобрување на твоите шанси на пазарот.
✔️ Ваучер од 800 € за студирање на академиите во Скала.
✔️ Пристап до популарни AI алатки што ќе ти го олеснат учењето и работата.
✔️ Пристап до ADOBE апликации за креативна работа и продуктивност.
✔️ Ексклузивни видео туторијали од водечки професионалци.

 

Зошто да се приклучиш на онлајн настанот?

Во свет каде што технологијата и професиите брзо се менуваат, традиционалното образование веќе не е доволно. Ти треба нешто повеќе – практични знаења, вистински можности и поддршка за да направиш скок во кариерата. Затоа ти нудиме бесплатни ресурси за твојот личен раст и развој!

 

Како да се приклучиш?

Регистрирај се веднаш и осигурај си место (пријавата е подоле во текстот). Овој настан е бесплатен, но местата се ограничени. Немој да ја пропуштиш шансата што може да го промени твојот пат.

Приклучи се на 8 март (сабота, 16:00ч.) и инвестирај во својата иднина – на наша сметка!

 

Дејан Џолев основач и CEO на Скала, и модератор на настанот, дополнува: 

Овој настан не е за секого. Ако веќе си задоволен од она што го знаеш, ако не те привлекуваат нови можности, ако не чувствуваш жед за личен раст и промена – тогаш ова не е за тебе.

Но, ако си ентузијаст со остар критички поглед кон себе и светот, ако бараш начин да се развиваш, да напредуваш и да ги користиш шансите што доаѓаат – тогаш можноста е пред тебе! Овој настан отвора врати, но само за оние кои се подготвени да влезат.

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: