Skip to content

Среде Скала високо – поклони рој!

 

Магична ноќ, исполнета со светлина, веселба и безгранични можности помеѓу студентите, менторите и тимот на „Скала“, разменувајќи подароци, топли прегратки и искрени желби.

 

Во „Скала“, негуваме и се стремиме кон практики коишто ќе придонесат за развој на студентите од повеќе аспекти, покрај квалитетна настава, тука спаѓа и социјално зближување и инклузија на студентите во кретивна средина, затоа и сме најголемата дизајн-заедница.

Чоколатца во форма на лампиони, Дедо Мразовци и сите најслатки работи за почетокот на уште поубава и успешна година, балони во боите на Скалаленд и караоке-забава додаваа на магијата на веќе создадената топла атмосфера.

 

 

 

Студентите докажаа дека нивната креативност нема граници, преку подароците коишто обмислено ги подготвуваа. Секој подарок имаше своја приказна и порака, пронаоѓајќи го својот пат до вистинските раце.

 

 

Драгоцен е моментот на сплотување и дружба на студентите од сите академии, многу креативци на едно место кои меѓусебно се запознаваат преку дарување и забава, создавајќи нови пријателства коишто ќе траат.

 

 

И покрај часовите учење и истражување, новогодишната забава во „Скала“ докажа дека секој момент е можност да се прослави животот и придонесе за уште една година квалитетно образование, радост и изненадувања.

 


Драги наши Скалаџии Ви посакуваме успешна, среќна и блескава Нова година! ♥︎

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: