Skip to content
кирил џолев дејан џолев ИТ академии Скала

Соработка со еден од највлијателните експерти во ИТ-индустријата

По 12 години делување во креативните индустрии, прераснувајќи во најголемата дизајнзаедница, со експертиза за креирање и спроведување на образовни програми, со задоволство ја најавуваме соработката со еден од највлијателните експерти во ИТ-индустријата изминатите 20 години – Кирил Џолев, со цел креирање на нови можности за ИТ-ентузијастите.

 

„Чест ми е да бидам дел од оваа иницијатива и да придонесам кон образованието на новата генерација ИТпрофесионалци,“изјави Кирил. „Со овие академии, пред сѐ, ќе пренесеме практични знаења и реални искуства коишто ќе им овозможат на студентите да успеат и да направат значајни чекори во своите кариери.“

 

Кирил Џолев е менаџер во одделот на RLDatix за истражување и развој каде што води повеќе тимови посветени на развој на продукти од различни технички домени. Неговиот богат професионален пат вклучува водечки улоги во компании дома и во странство, работејќи во повеќе земји како Германија, Шведска, Холандија и Белорусија, каде што неговите вештини во ИТ-инженерингот, како и развојот на тимови и иновации во технологиите, се незаменливи.

 

Со новите академии, Скала им отвора нови можности на сите кои се стремат кон едукација и професионален развој во ИТсекторот за тековните потреби на пазарот. Академијата за Software Development е осмислена да ги обучи студентите во создавање на интерактивни и кориснички ориентирани веб-апликации, додека Академијата за Software Testing ќе ги подготви учесниците за критични улоги во обезбедувањето на квалитетот на софтверските решенија. Исто така, двете академии ќе ја доловат улогата на поединецот и тимот во работните процеси на една компанија што ќе донесе целосна слика на создавање на продукт од идеја до реализација.

 

Биди меѓу првите пријавени, закажи термин за повеќе информации на следниот линк.

 

Дејан Џолев, основач и CEO наСкала, изјави: „Во Скала, нашата мисија отсекогаш била фокусирана на иновацијата и напредокот во образованието. Со воведувањето на нови ИТакадемии, го прошируваме нашиот опсег и им нудиме на студентите најсовремени и релевантни знаења. Веруваме дека соработката со Кирил Џолев кој е еден од највлијателните експерти во нашата заедница, ќе донесе извонредни резултати и ќе го прошири нашиот статус како водечка дизајн-образовна институција и во технолошка“.

 

Дејан Џолев неформално додаде: „Има најмалку две лични причини зошто оваа соработка претставува голема победа! Прво, затоа што Кирил е мој постар брат кој беше голема инспирација за мене. Се сеќавам на неговите први програмерски потфати уште во доцните 80-ти и раните 90-ти. Тое е време кога компјутерите се состоеја од тастатура поврзана со телевизорот којшто претставуваше монитор, а софтверот беше дел од аудиокасета којашто мораше да се пушти на радиокасетофон. Тој уште тогаш, во тие најнови технички достигнувања, од денешен аспект „примитивни“ услови, успеваше да создаде компјутерски игри, математички „апликации“ или сложени графички решенија“.

 

 

кирил џолев дејан џолев ИТ академии Скала


Групите имаат ограничен капацитет. Закажи термин за повеќе информации на следниот линк.

Дејан Џолев продолжува: „Втората причина е поради тоа што изминатата деценија, повеќепати разговаравме за оваа соработка којашто поради различни причини се одложуваше и не успевавме да најдеме простор за соработка. Конечно, оваа можност е остварена! И навистина слатко им завидувам на сите ИТ-ентузијасти кои ќе имаат можност да учат од Кирил и неговите соработници кои се исклучително важни чинители на ИТ-индустријата“.

 

За повеќе информации и пријавување за новите ИТ-академии контактирајте го тимот на Скала на телефонскиот број: 076 266 740.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: