2025 година во Скала ја живеевме месец по месец – низ настава, настани, партнерства и конкретни резултати. Од внатрешна подготовка и студентски анализи, до јавни настапи, изложби и вработувања, секој период носеше свој фокус и своја тежина.
Овој преглед е кратка хроника на една година во која образованието не остана само во училница, туку постојано беше во дијалог со индустријата, сцената и реалниот професионален контекст.
✶ ЈАНУАРИ
Годината започна со фокус и подготовка
Јануари го поминавме во поставување цели, планирање на активностите и усогласување на тимот и наставните процеси за годината што следува.

✶ Февруари
Испитни сесии и анализа на напредокот
Февруари беше посветен на студентите – испитни сесии од првиот семестар, презентации и индивидуални анализи, со фокус на процесот, развојот и следните чекори.



✶ Март
Присуство на саеми и отворање кон индустријата
Скала беше дел од неколку релевантни саеми и јавни настани, каде студентите и тимот директно комуницираа со индустријата и пошироката јавност.

✶ Aприл
Нови парнерства со компании
Април донесе отворање конкретни можности за студентите преку пракси, вработувања и работа на реални проекти. Дел од овие партнерства се остварија со популарни маркетинг агенции, видео продукции и дизајн студија, меѓу кои: Futura, Founder Games, Influencers Club, Glej TV, Metanoia…

✶ Мај
Соработка со Socialize – ментори на сцена, студенти позади сцена 🙂
Скала активно учествуваше и соработуваше во реализацијата на настанот Socialize, каде што студентите и менторите беа дел од пошироката креативна и бизнис заедница. Десетина ментори учествуваа како предавачи, гости и членови на жири-комисии, додека тековни и алумни студенти беа вклучени во организацијата, промоцијата и логистиката на настанот.


✶ Јуни
Најголемиот настан за креативните ентузијасти
По повод 13 години „Скала“, повеќе од 1000 посетители го посетија саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро, креативци“ – настан што на едно место ги поврза младите ентузијасти, и професионалците, преку предавања, работилници, забава и директна размена на искуства.





✶ Јули
Презентации пред компании
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг ги презентираа своите портфолија пред најзначајните маркетинг компании, а настанот резултираше со вработувања и започнати пракси.


✶ Август
Едукативни поткасти со Џолев
Август го одбележа видео формат со Џолев – серија кратки едукативни поткасти „За дизајнерските работи“, во кои Дејан Џолев, основач и CEO на Скала, со повеќе од 20 години искуство, зборува за креативната индустрија и патот на развој на дизајнери и маркетери.

✶ Септември
Завршна студентска изложба
Септември кулминираше со „Скала по скала“ – завршна студентска изложба на Академиите за дизајн, каде беа претставени повеќе од 500 дела, концепти и процеси, создадени од над 150 студенти од генерацијата 2024/25 год.


✶ Октомври
Повторно презентации пред компании
Студентите од академиите за дизајн ги презентираа своите портфолија пред релевантни компании од креативните индустрии, како продолжение на процесот на професионално позиционирање. Поголем дел од студентите веќе посетуваат пракса или трајно се вработени.


+ Учество на моден викенд
Студентите од Академијата за моден дизајн, ги представија своите модни колекции во рамки на Моден викенд во Скопје, со што остварија јавна видливост и директен контакт со модната сцена. Дополнително, свои модни колекции презентираа и пет алумни студенти!

✶ Ноември
Нови современи услови за студирање
Скала започна со работа во нови простории! Современи, модерни простории и услови за студирање со физичко присуство во центарот на градот.
+ Започна новата учебна година
Во ноември официјално започна новата учебна година. 14 години во континуитет ги создаваме најквалитетните кадри во креативните индустрии.

✶ Декември
Дипломска забава
Декември го заокруживме со дипломската прослава на генерацијата 2024/25, со доделување дипломи на над 150 студенти од осум академии за дизајн, маркетинг и технологии, како и прогласување на најуспешните студенти на генерацијата.



Оваа година уште еднаш потврди дека пристапот на Скала. Континуирана работа, практични искуства и директна поврзаност со индустријата, создаваат реални резултати за студентите.
Ако бараш средина каде образованието се гради низ процес и конкретни можности за развој, 2025 е јасен показател како тоа изгледа во пракса.
Те очекуваме во новата 2026 година. Ти посакуваме успех што и да одлучиш! <3






























































