Skip to content
скала школа за дизајн маркетинг и ит технологија

Скала 2024: десет настани што ја обликуваа иднината на младите ентузијасти за личен развој

Со задоволство се навраќаме на изминатата година, која беше исполнета со инспиративни проекти, креативни предизвици и значајни моменти за сите нас во Скала. Од нови достигнувања до веќе традиционални настани, овие десет најзначајни моменти ја обликуваа 2024-та година, оставајќи траен впечаток за сите Скалаџии.

 

 

1. Годината ја започнавме со голема журка со „Фанк Шуи“

 

По повод лансирањето на новиот веб-сајт на „Скала,“ нашите простории станаа епицентар на networking-от! Настанот собра влијателни членови на локалната претприемачка заедница, ментори, соработници и студенти.

Посебна магија донесе маестро Лука, фронтменот на култниот бенд Funk Shui. Уживавме во јагоди и чоколадо, наздравувавме со шампањ и прославивме уште еден успешен проект.

 

2. Ја креиравме најобемната Академија за дигитален маркетинг

 

Почетокот на годната ја означивме со лансирање на Академијата за дигитален маркетинг, креирана во соработка со лидерот во областа – „Пиксел.“ Ова партнерство отвори врати за сите ентузијасти за маркетинг да добијат квалитетна теоретска и практична едукација.

„Со оваа академија сакаме да споделиме реални знаења и искуства со новата генерација дигитални маркетери,“ изјави проф. Димитар Јовевски, директор за бизнис развој во „Пиксел.“

Скала- Пиксел-академија-за-дигитален-маркетинг

 

3. Студентите на „Скала“ – собираа награди на државни хакатони

 

Во првите три месеци од 2024 година, студентите на „Скала“ освоија три значајни награди на државни хакатони, на кои учествуваа сите формални и неформални образовни институции, што уште еднаш го докажува квалитетот и потенцијалот на нашите студенти. 

Но во ова сеќавање го издвојуваме тридневниот хакатон каде што студентите создаваа фотографии за маркетинг кампањата за почеток на уписите во Скала. Натпреварот не само што беше продуктивен, туку остави прекрасни спомени и создаде одлични визуелни материјали!

 

 

4. +500 ентузијасти за личен развој го посетија патронатот на „Скала“

 

„Добро утро креативци“, нашиот традиционален саем, собра повеќе од 500 посетители – љубители на нови искуства и networking. Присутните имаа можност бесплатно да учествуваат на 16 работилници, да следат отворени панели, да се инспирираат од изложениот дизајн на базарот и да се журкаат!

андреј стамевски веб дизајн академија скала добро утро креативци фигма

 

 

5. Соработка со врвен ИТ-експерт – Кирил Џолев и нови Академии за IT технологии

 

Годината ја одбележа и соработката со Кирил Џолев, еден од највлијателните ИТ-експерти во регионот. Заеднички, создадовме нови можности за ИТ-ентузијастите преку практични академии и реални искуства. „Чест ми е да придонесам во образованието на идните ИТ професионалци,“ истакна Џолев.

Креиравме Академија за Software development (Full stack) и Академија за Software testing.

кирил џолев дејан џолев ИТ академии Скала

 

6. Повеќе од 1000 посетители на годишната студентска изложба на „Скала“

 

Најталентираните студенти на „Скала“ се претставија со повеќе од 500 дела од различни области на дизајнот и новите технологии. Изложбата привлече регрутери, менаџери и љубители на дизајнот и технологиите, создавајќи мост меѓу студентите и индустријата.

 

изложба скала дизајн академија графички дизајн ентериер веб фотографија илустрација продукт едукација

изложба скала дизајн академија графички дизајн ентериер веб фотографија илустрација продукт едукација

 

7. Студентите на „Скала“ на пракса или директно вработување преку саемот за кариера

 

На годишниот настан „Скала по скала“ за презентација на портфолијата, студентите ги претставија своите најдобри дела пред претставници на 53 компании. Како резултат, повеќе од 80% од студентите веќе започнаа со пракса или вработување.

скала-академија-за-ентериер-и-продукт-дизајн-презентации-студенти-компании

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

8. Организиравме повеќе од 10 едукативни настани

 

Изминатата година ја збогативме со низа отворени предавања, панели и дискусии на актуелни теми, привлекувајќи над 1000 посетители. Огромна благодарност до сите говорници – од експерти во своите области, универзитетски професори, до успешни алумни.
Овие активности беа посветени на сите лица кои истражуваат, учат и ги градат своите кариери.

панел дискусија-академија за дигитален маркетинг-скала-џолев

отворени денови-скала-џолев-академии-дизајн-технологија

 

9. Го пречекавме новиот бран студенти во „Скала“ – учебна 2024/25 год.

 

На првиот академски час за учебната 2024/25 година, новите студенти добија топло добредојде, проследено со инспиративни говори и музички перформанс на Дина Јашари. „Скала“ останува синоним за квалитетно образование и креативен раст.

прв академски час скала академија дизајн димитар јовевски

прв академски час скала академија дизајн дина јашари антонио станков кристина крагујевска

 

10. Го прославивме дипломирањето на генерацијата 2023/24 и ги прогласивме најдобрите студенти

 

Со интимен и инспиративен говор, основачот Дејан Џолев ја затвори годината со порака за пријателство, истрајност и личен развој. Прославата ги обедини студентите, славејќи го нивниот успех во неформален амбиент со новиот популарен бенд „Занаду“.

Дејан Џолев доделување дипломи академии за дизајн академска 2023/24

 

Среќна Нова година, драги Скалаџии! Нека 2025-та биде исполнета со нови успеси ♥



×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: