Ти благодариме месец ноември и декември! ♡
НАШИТЕ СТУДЕНТИ…
1. Антонио Станков – фотоедиторијал за Преспав
Алумни-студентот и асистент на aкадемиите за дизајн при нашата школа, ја изработи маркетинг-кампањата за најновата сезона на македонската серија „Преспав“, во форма на фотоедиторијал на сите ликови од серијата.
2. Катерина Тошева – Brumell
Алумни-студентката на Aкадемијата за моден дизајн, Катерина Тошева, е дел од тимот на Brumell компанијата којашто стои зад првото сако во светот наменето за мотоциклисти. Овој автентичен дизајн се состои од надворешен дел како сако, а внатрешниот дел е заштитен и со перформанси на моторџиска јакна. Со овој проект, добија инвестиција од 100.000 евра од Акцелаторот – Х фактор, а неодамна беа и учесници на овогодинешниот EICMA Motorcycle Expo во Милано.
3. Гаја Смилевска, со втора награда за стрип
„Dear Father”, стрип-приказна, е делото со коешто нашата студентка на Академијата за визуелни уметности, Гаја Смилевска, ја освои втората награда на Short Comic Award 2021 – LIFT. Честитки Гаја, ти посакуваме уште многу вакви успеси!
НАШАТА ШКОЛА…
4. „Скала магазин“ – на саем!
Студентската платформа „Скала магазин“ беше дел од Саемот на проекти коишто направиле некаква социјална промена во текот на изминатата година. Тимот на Скала се претстави пред медиумите, приватниот и државниот сектор, дипломати и лидери во заедницата.
5. Скала Магазин – 50 автори на втората и третата групна изложбена поставка!
Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“, „Скала магазин“ организираше уште две нови групни изложбени поставки: на 27 ноември, на тема „Будење“ и 25 декември, на тема „Соголување – гласно за работите за кои се шепоти“, вкупно 50 автори ги изложија своите дела во повеќе медиуми од визуелните уметности. За одличната атмосфера го имавме DJ-сетот на Мартина Пенева.
6. Започна првата академија за Product Owners во склоп на ИДТ Скопје
Во рамките на нашиот Институт за дизајн и технологија – ИДТ Скопје, започна првата академска програма од областа на информатичките технологии. Прва група и прва генерација на Product Owners (PO) во Македонија. Пред нас се шест месеци полни со предизвици и работа, а ние со нетрпение ги очекуваме позитивните резултати на сите учесници како идни „продукт-оунери“.
Со лесно и успех на сите!
7. Secret Santa помеѓу студентите и менторите од академиите за дизајн
На 24 декември, се одржа „Secret Santa“ помеѓу студентите и менторите од академиите за дизајн. Полно подароци ја обиколија нашата новогодишна „жива“ елка којашто секоја година по завршување на празниците ја подаруваме и засадуваме во некој парк или училиште.
8. Предавање: СЕБЕСПОЗНАВАЊЕ НИЗ ПОЕМО-ЦРТАЊЕ
Во организација на Школата „Џолев и уметностите, Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и Скала магазин, се одржа првото предавање наменето за архитекти и дизајнери на тема „Себеспознавање низ поемо-цртање“ како педагошка метода на архитектонско и уметничко истражување. Предавањето беше одржано од страна на д-р Викторија Богданова – поетеса и архитектка, посветена на создавање и споделување на поемо-цртања (poem-drawings) како процесуални и аналитични инструменти во архитектонското и урбанистичкото истражување низ проектирање (research through design).
9. Доделување на сертификати – „Курс за техники на кроење и шиење“
Обуките и курсевите од нашата есенска XX сезона по ред се во својата финална фаза. Нашите учеснички од „Курсот за техники на кроење и шиење”, под менторство на модната дизајнерка Маре Трајковска, ги претставија своите прототипи и ги добија своите сертификати за успешно реализирана програма.
10. Нова обука за Freelancing
Be Free. Be a Freelancer е нова специјално дизајнирана детална програма за FREELANCING, во соработка со Impact Foundation како дел од проектот RECONOMY, којашто е наменета за сите дизајнери и лица чија дејност користи дигитални технологии [графички дизајнери, визуелни артисти, веб-дизајнери, фотографи, видео-аниматори и монтажери, илустратори, продукт-дизајнери, модни дизајнери, product owners, дигитални маркетери и сл.]. Програмата е под менторство на Горјан Стојановски и ги покрива сите аспекти на FREELANCING-от со цел запознавање и подготовка за влез на најактуелниот глобален пазар на труд.
11. 50 награди во вредност од 2.500 евра за новата XXI сезона на обуки!
2022 ја започнуваме празнично со наградната игра „ГРЕПКА НА ЗНАЕЊЕ“ со којашто и официјално го најавуваме почетокот на новата XXI сезона по ред на 13 обуки и курсеви од областа на дизајнот, уметностите и новите трендови во дигитализацијата.
НАШИТЕ МЕНТОРИ…
12. Апостол Тноковски – Глобална недела на претприемништвото на Македонската асоцијација на издавачи
Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје, заедно со македонскиот продукт-дизајнер, Апостол Тноковски, во рамките на Глобалната недела на претприемништво – #GEW2021, одржаа презентација и официјално ја најавија заедничката соработка во градење успешен дизајн-продукт и препознатлив интернационален бренд.
13. Дејан Џолев – започна подкаст
Менторот на академиите за дизајн – Дејан Џолев, го започна подкастот насловен како „Будење“ – во поглед на интелектуално, емотивно и духовно будење каде што зборува на блиски и важни теми со добро познати гости. Во изминатите недели, премиерно ги погледнавме првите четири епизоди – со фотографот Драги Неделчевски, актерката Синоличка Трпкова, фронтменот на бендот Funk Shui Лука Ѓоргиевски и режисерката Тамара Котевска.
14. Зоран Кардула со најнов дизајн за SWATCH
Еден од најактивните дизајнери во последните години и ментор на академиите за дизајн по предметот Илустрација, Зоран Кардула, го издизајнира првиот македонски дизајниран Swatch кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“. Прочитајте повеќе на линкот.
17. Александар Ношпал, костимограф на новата претстава во турскиот театар и театар комедија
Менторот на Академијата за моден дизајн, Александар Ношпал, ги изработи костимите и дизајнот на сетот за театарската претстава „Кројач за дами“ којашто имаше премиера минатиот месец, но и костимите во претставата „Клетвата на Скотје!“ којашто премиерно се прикажа двапати во Театар Комедија, во месец декември, се дело на нашиот ментор.
18. Премиерат на „Малограѓанска свадба“ од Теа Беговска
Теа Беговска, менторка на обуката за филмски актер при нашата школа, ја режираше претставата „Малограѓанска свадба“, којашто премиерно беше прикажана на 16.12.2021 во тетовскиот театар, по текст на Бертолт Брехт.
19. RINOCCA – нови инструкторики на Академијата за ентериер и продукт-дизајн
Академијата за ентериер и продукт-дизајн доби засилување со нови менторства од Катерина Трпковска, креативен директор и основачка на брендот Rinocca, како и Деспина Здравкова, креативен инженер во Rinocca – Студио за дизајн и производство на висококвалитетни подни светилки, маси итн.
Се читаме следен месец! ♡