Skip to content

Менторот ми помогна да ја надминам креативната блокада!

Разговаравме со студентките од Академијата за UX/UI+ дизајн за нивните реални проекти.

Христина Ѓорѓиевска и Маја Петревска ни раскажаа за реалниот проект по предметот UI дизајн, под менторство на Стефан Стојковски, а Ивана Јосифоска и Јана Иванова споделија детали за проектот по Креативно размислување, со менторот Петар Павлов. Студентките ни раскажаа за инспирацијата зад идејата, процесот на изработка, соработката со менторите, како и за уникатните детали на нивните проекти.

 

Реален проект по UI дизајн: онлајн-продавница и дигитална платформа за архитектура

 

христина ѓорѓиевска скала академија за ux ui дизајн

 

По предметот UI дизајн, Христина Ѓорѓиевска изработи своја онлајнпродавница, наречена KOI Web Shop, за нејзиниот сопствен бизнис KOI којшто постои веќе 4 години. Таа ја создаде својата онлајн-продавница, бидејќи претходно ја увидела потребата да ги олесни и поедностави процесот на купување и комуникацијата со купувачите.

 

христина ѓорѓиевска скала академија за ux ui дизајн

 

При процесот на креирање, се соочив со потешкотии со разбирање на корисничкото искуство и изборот на соодветната палета којашто треба да има универзална и објективна функција. Овие нешта ги надминав преку добра комуникација со менторот. вели Христина.

 

христина ѓорѓиевска скала академија за ux ui дизајн

 

Погледнете го KOI Web Shop на следниот линк.

 

маја петревска скала академија за ux ui дизајн

 

Маја Петревска, како реален проект, ја создаде платформата ARCHMOS – дигитален простор каде што на едно место ќе бидат собрани есеи, истражувања, интервјуа, колумни, цртежи и/или проекти. Идејата зад овој проект е да се создаде онлајн-заедница и архива на идеи коишто ќе останат трајно забележани. Овие ресурси ќе можат да послужат како референца и инспирација за архитекти, студенти по архитектура и истражувачи кои пристапуваат кон архитектурата на почувствителен и креативен начин. 

 

маја петревска скала академија за ux ui дизајн

 

ARCHMOS ќе ја разгледува архитектурата низ призмата на литературата, поезијата, филмот и останатите уметности. Сакав да создадам дигитална платформа за истражување архитектура во форма на дигитален архитектонски магазин којшто ќе ја истражува архитектурата на интердисциплинарен начин! – вели Маја Петревска.

 

 

Погледнете го ARCHMOS на следниот линк.

 

Креативно размислување на тема „Dream Gallery“

 

 

Ивана Јосифоска црпи инспирација од надреализмот, со посебен фокус на комбинацијата на розеви и сини нијанси.

 

ивана јосифовска скала академија за ux ui дизајн

 

Темата ми овозможи креативно да ја пренесам пораката преку бои коишто најсоодветно ја претставуваат ноќната фантазија што се јавува кога умот запаѓа подлабоко во реверзија! – ни сподели Ивана Јосифоска за нејзиниот реален проект. 

 

ивана јосифовска скала академија за ux ui дизајн

 

 

јана иванова скала академија за ux ui дизајн

 

Темата „Dream Gallery“  за мене претставуваше интересен предизвик – да создадам простор каде што корисниците ќе можат да ги споделуваат и истражуваат своите соништа. Верувам дека соништата се мост кон нашата потсвест и можат да ни откријат многу за нашите мисли и чувства. – вели Јана Иванова.

 

јана иванова скала академија за ux ui дизајн

 

При процесот на креирање, Јана се соочи со неколку предизвици во обидот да го претвори својот концепт во функционална и привлечна лендингстраница.

 

Еден од најголемите предизвици беше да ги интегрирам анимациите и интерактивните елементи на начин којшто ќе биде кохерентен и кориснички ориентиран. Исто така, беше важно да се постигне баланс помеѓу визуелноста и функционалноста, така што корисниците лесно ќе можат да се движат низ страницата и да ги откријат сите нејзини можности.– ни раскажа Јана.

 

јана иванова скала академија за ux ui дизајн

 

Соработката со менторите – особено важна за успехот на студентите

 

Стефан Стојковски е ментор на Академијата за UX/UI+ дизајн по предметот UI дизајн и неговата поддршка е особено важна за Маја и Христина за изработка на нивните проекти.

Според Маја, менторот Стефан им помогнал не само во дизајн-фазата, туку и во фазата на обмислување на идејата и целиот истражувачки процес што претходел.

 

„Особено ми помогнаа неговите насоки кога се соочив со креативен блок и благодарение на неговите насоки, можев да си го видам проектот појасно и да се охрабрам да бидам автентична во мојот израз.“ 

 

„Клучно е менторот да се спушти од скалилото на знаење, но да го понесе со себе истото, и да знае да го пренесе. Стефан одлично го извршува тоа и допринесува за многу продуктивен плод на студентите, стимулира желба, критичко мислење и индивидуалност во проектите.“ – вели Христина.

 

По предметот Креативно размислување, ментор е Петар Павлов, специјалист за развој на бренд и дизајн на пакување.

 

„Започнувајќи со еден вид креативен brainstorming dump, па сè до креирање на еден вид на moodboard за инспирација, и покрај различните идеи, крајното решение е токму она низ коешто мојот мозок поминува во тој процес на длабок сон што се рефлектира и во самиот дизајн. Меѓутоа, во техничкиот аспект за самата поставеност на елементите, менторот има голема заслуга со сите негови совети и поуки!“ – ни раскажа Ивана Јосифоска.

 

 

Инаку, Ивана веќе има активна соработка со менторот Благој Ѓелевски и работи на реални проекти во неговата компанија „Тивиус“. По почетокот на втората испитна сесија, Благој ја контактираше Ивана, побара да го испрати своето портфолио и ѝ додели задача да изработи UI дизајн за еден од неговите клиенти. Откако дизајнот беше успешно прифатен од клиентот, Ивана доби понуда да работи на креирањето на комплетната вебстрана заедно со сите функционалности! 

 

Другарски совет до идните „Скала“ студенти

 

Јана Иванова ги советува своите идни колеги и „Скала“-студенти:

Доколку сте заинтересирани за Академијата за UX/UI+ дизајн во „Скала“, добро е да истражите повеќе за истата, како и за индустријата, за да бидете сигурни дека тоа е вистинскиот избор за вас. Јас лично би ви препорачала да стапите во контакт со алумни-студенти од програмата за да добиете подобра слика од некој кој бил на вашето место. Секако, тука се и менторите кои може да ги исконтактирате за сè што ве интересира!

 

Вршете си ги вежбите навреме, истражувајте и читајте, пробувајте активно да се ставате во положба на корисник наспроти дизајнер. Посветете време на своите презентациски и ораторски вештини и ќе имате одлично UX/UI+ искуство на Академијата! – им препорачува Христина Ѓорѓиевска на идните „Скалаџии“.

 

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за UX/UI+ дизајн
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера.

 

Во рамките на Академијата, ќе ги усовршиш трите основни принципи на вебдизајн: вовед во вебдизајн, UX и UI дизајн, како и методите на дизајн и фронтенд размислување. 

Ќе научиш како да создаваш визуелни решенија и UX/UI дизајни, користејќи најсовремени софтверски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и Figma, под менторство и во соработка со искусни професионалци од креативните индустрии. 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната
2024/25 година.

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на академијата.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: