Skip to content
академија за графички дизјан академија за ух уи дизјан илустрација скала

Реални проекти: Илустрација – Академија за графички дизајн и академија за UX/UI+ дизајн

Разговараме со нашите студентки: Моника Лазаревска, Ивана Клифова и Сашка Јамалова од Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI+ дизајн, за нивните семестрални проекти по предметот Илустрација: „Автопортрет“ и „Филмски постер“, под менторство на Зоран Кардула и Андреј Павлов.

Студентките ни открија интересни и уникатни детали за изборот на темите, влијанието врз нивниот креативен израз, како и искуството со менторите низ академските часови. Ни овозможија да „ѕирнеме“ во нивната имагинација и да навлеземе во светот на илустрацијата.

Прочитајте што ни споделија…

 


Се одлучив за оваa идеја поради…

Моника Лазаревска:

Сакав да создадам автопортрет што не е класичен, туку повеќе симболичен – нешто што ја пренесува мојата енергија, а не само мојот изглед. Наместо да се фокусирам на реалистично прикажување на себеси, одбрав стил што ќе долови чувство, а не само лик.

Додека во однос на филмскиот постер, се одлучив за оваа тема бидејќи „Euphoria“ е една од оние серии што ми влезе под кожа уште од првиот момент кога ја пуштив. Не знам дали беше поради периодот во кој ја гледав за првпат, но начинот на кој ги обработуваат тешките теми како зависноста, идентитетот, менталното здравје и траумата ме погоди длабоко.

Ивана Клифова:

Секој од нас се гледа поинаку од тоа што навистина е. Со прикажување на мојата реална, но скриена личност преку илустративен приказ, се обидов да ја доловам внатрешната борба за идентитет со која се соочува секој човек барем еднаш во животот. Сакав да ја покажам тагата, фрустрацијата и борбата преку едноставен, но силен приказ на вистинската јас.

Филмот „Requiem for a Dream“  е еден од моите омилени, но истовремено и филм кој навистина ме трогна и ми го промени животот.

Сашка Јамалова:

Бидејќи типографијата нуди бесконечни можности за визуелно изразување. Наместо класичен автопортрет, користев букви од различни фонт-стилови за да ја формирам мојата приказна. Дополнително, вметнав црно-бели фотографии од моето детство, создавајќи врска помеѓу минатото и сегашноста и додавајќи му лично значење на делото.

За филмскиот постер пак Круела е лик што сам по себе претставува уметност – од нејзиниот стил до начинот на кој се движи и зборува. Сакав да ја претставам преку илустрација што го доловува спојот на гламур и дрскост. 

 

Сашка Јамалова илустрација автопортрет академија за ух/уи дизајн

Сашка Јамалова – „Типографија како огледало “

 

Сашка Јамалова илустрација филмски постер академија за ух/уи дизајн

Сашка Јамалова – „101 Dalmatians

 


При процесот на креирање, се соочив со…

Моника Лазаревска:

Најголем предизвик ми беше да најдам баланс меѓу деталите и јасноста на илустрацијата, додека при креирање на филмскиот постер, се соочив со предизвикот како да ја пренесам емоционалната длабочина на серијата преку едноставни, но моќни визуелни елементи. Сакав постерот да биде симболичен, а не буквален, па најголемата дилема ми беше балансот помеѓу боите, формите и емоциите.

Ивана Клифова:

При процесот на креирање, се соочив со предизвикот да допрам до оној дел од себе кој мечтае за промена и се бори за неа. Голем дел од процесот беше пронаоѓањето на мојот креативен израз.

Сашка Јамалова:

Работејќи со типографија, внимателно ги избрав буквите, нивните големини и распоредот за да создадам јасна структура на лицето. Типографијата може лесно да изгледа пренатрупано ако нема јасна композиција, па затоа постојано експериментирав со тежината, распоредот и контрастот на буквите.

Во однос на филмскиот постер најголемата дилема ми беше како да ја искористам црвената боја – доволно интензивно за да го нагласам карактерот на Круела, но без да го засени препознатливиот далматински принт. 

 

Моника Лазаревска илустрација автопортрет академија за графички дизјанМоника Лазаревска – „Без наслов“

 

Го прашавме менторот Зоран Кардула да ни сподели нешто повеќе за целта на испитниот проект и како тој им помага на студентите да се подготват за реалните предизвици во креативната индустрија ?

Како ментор по предметот „Векторска графика и Илустратор“, предмет што претставува изучување на алатка која студентите ќе ја користат во нивното понатамошно школување, самиот испитен проект е можност да видам што научиле на моите предавања, како ги користат изучените алатки и до кој степен можат да ги применат во создавање креативи.

Концептот на моите предавања е фокусиран на тоа студентите да го засакаат Илустраторот како алатка, без која не е можно да станат успешни дизајнери или илустратори. Се трудам студентите да стигнат до фаза кога ќе можат нешто што замислиле да знаат да го илустрираат. Тие, секако, се почетници и допрва ќе се усовршуваат и ќе се среќаваат со реални предизвици во креативната индустрија, но ако искрено уживаат и сакаат да го работат ова, успехот ќе си дојде.

Затоа многу инсистирам да уживаат во изучувањето на Илустратор и различните типови на векторска графика – нешто што јасно се гледа во завршните испити и проектите што ги презентираат.

 

Додека пак менторот Андреј Павлов додаде…

Испитниот проект е да создаваат, да не се плашат да пробаат да бидат креативни, да погрешат и повторно да се обидат…и да стигнат до продукт кој ќе зборува за нив и нивната перцепција за делото.

 

Моника Лазаревска илустрација филмски постер академија за графички дизјан

Моника Лазаревска – „Euphoria

Академија за графички дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 


За соработката при процесот, за менторите Зоран Кардула и Андреј Павлов би сакала да кажам…

Моника Лазаревска:

Би сакала да кажам дека начинот на предавање на Кардула беше толку природен и инспиративен што учењето никогаш не ми изгледаше како обична лекција. Па затоа, кога дојде моментот да го создадам овој постер, сè ми дојде природно, знаев точно што сакам и како да го направам. Немав борба со алатките, немав дилеми дали ќе испадне добро – едноставно, го следев својот инстинкт, а тоа е заслуга на мојот ментор.

Ивана Клифова:

Менторот Зоран Кардула е навистина прекрасна и неверојатно талентирана личност. Неговото трпение и желба да помогне ми ги отвори очите кон пронаоѓање на мојот стил како креативец.

Сашка Јамалова:

За соработката при процесот, за менторот Андреј Павлов би сакала да кажам дека неговите насоки беа клучни за развојот на финалните верзии на нашите дела. Неговите сугестии ми помогнаа да размислувам за деталите и да го изработам делото на начин што најдобро ја пренесува мојата идеја.

 

Менторот Кардула сподели и неколку совети до тековните но и до идните студенти на Академиите за дизајн.

Би ги советувал, а тоа постојано им го повторувам на моите студенти, дека мора многу да работат, да уживаат во тоа што го работат и секогаш да го даваат својот максимум,  само така ќе успеат во оваа индустрија.

Да создаваат свои проекти, да илустрираат сè што ќе посакаат, така ќе вежбаат, ќе си создаваат свој стил и ќе го полнат своето портфолио, коешто е нивната лична карта во светот на дизајнот.

Павлов пак се надоврза…

Би ги советувал да ги раскажуваат своите приказни и да го внесат она што нив ги прави свои во процесот без разлика дали е личен проект или проект за клиент. Тоа е убавината на овој занает. 



 

Ивана Клифова илустрација автопортрет академија за графички дизјан

Ивана Клифова – „Револуција

 

Ивана Клифова илустрација филмски постер академија за графички дизјан

Ивана Клифова – „Reqiuem for a dream

Академија за UX/UI+ дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: