Skip to content
академија за графички дизајн реални проекти скала

Преку реалните проекти, студентите изработија редизајн на визуелен идентитет

Разговаравме со студентите од Академијата за графички дизајн на „Скала“ – Ана Стојанова, Александра Боева-Тодоровска и Трајче Стојанов и со нивната менторка, професорката Гордана Вренцоска, за реалните проекти во рамките на предметот Графички дизајн.

 

Студентите ни раскажаа за инспирацијата, процесот на изработка на проектите и за предизвиците при создавањето на реалните проекти, а менторката Гордана пак, ни даде менторски осврт на важноста и значењето на реалните проекти во образовниот процес.

 

Задача на студентите – редизајн на визуелниот идентитет на природната козметика Софора

 

Менторката Гордана Вренцоска ни откри дека во Македонија постојат помали производители на природна козметика кои користат квалитетни состојки, но не секогаш посветуваат доволно внимание на дизајнот на визуелниот идентитет и на амбалажите.

 

„Задачата на студентите беше редизајн на визуелниот идентитет на природна козметика Софора којшто потоа ќе се примени во дизајн на амбалажа на производите. Лого, типографија, колорна шема, шари коишто ќе се имплементираат во визуелно впечатливи решенија, такви што ќе комуницираат соодветно со целната група, а ќе привлечат и нови корисници. Со нов, подобрен визуелен имиџ, би се зајакнала позицијата на Софора на домашен бренд со квалитетни производи“ – вели менторката Вренцоска.

 

Инспирацијата за реалните проекти

 

ана стојанова реални проекти скала академија за графички дизајн

Инспирацијата за реалниот проект на Ана Стојанова потекнува од мисијата на брендот Софора – да создадат козметичка линија од производи коишто се рачно изработени со природни состојки.

ана стојанова реални проекти скала академија за графички дизајн

 

ана стојанова реални проекти скала академија за графички дизајн

 

„Бев инспирирана од многубројните продукти и визуелни идентитети во корејската козметика коишто имаат ставено голем фокус на квалитетот на продуктите, но и коишто создаваат впечатлив и уникатен packaging. Целта на мојот дизајн беше токму тоа – да создадам идентитет којшто јасно и гласно ги претставува Софора и нивните продукти“ – ни раскажа Ана.

 

ана стојанова реални проекти скала академија за графички дизајн

 

александра боева реални проекти графички дизајн

Целта на Александра Боева-Тодоровска беше да се создаде дизајн којшто ќе ја пренесе пораката за важноста на природната убавина и грижата за животната средина.

 

александра боева реални проекти графички дизајн

 

александра боева реални проекти графички дизајн

 

„Инспирација за дизајнот на козметиката Софора беше природата и нејзината чистота и убавина. Во логото се инкорпорирани листовите од самото дрво софора коишто понатаму се јавуваат како елементи во дизајнот на пакувањето и промотивниот материјал. Со зелената боја, сакав да го пренесам чувството на спокој и допир со природата. А со чистите линии и едноставни форми, да го истакнам органскиот карактер на козметиката“ – вели Александра. 

александра боева реални проекти графички дизајн

 

трајче стојанов реални проекти академија за графички дизајн

 

Трајче Стојанов сподели дека овој проект му претставува посебен предизвик, бидејќи досега не се „занимавал“ со козметика и немал претходно знаење во оваа област.

 

трајче стојанов реални проекти академија за графички дизајн

 

трајче стојанов реални проекти академија за графички дизајн

 

„Досега не сум бил особено заинтересиран за козметика и козметички производи, па затоа ја искористив оваа прилика како дополнителен предизвик за креативно размислување во нова сфера“ – вели Трајче.

 

трајче стојанов реални проекти академија за графички дизајн

 

Процесот на изработка на реалните проекти

 

Менторката ни објасни дека кога се работи за производи или услуги коишто вистински постојат на пазарот, многу поопипливи се сите параметри коишто се анализираат и коишто треба да влезат во дизајнерската програма на разработка.

 

„Многу е важно студентите да го спроведат процесот на истражување на постоечкиот бренд, но и на брендовите од истата пазарна категорија. Потоа, да ја користат дизајнерската методологија и дизајнерското размислување за да дојдат до соодветни идеи коишто автентично ќе го претстават брендот, а ќе понудат и свежи визуелни пристапи во привлекувањето на потрошувачите. Преку овие дизајнерски проекти, студентите учат повеќе аспекти поврзани со: психологијата на клиентот и потрошувачот, визуелните елементи на комуникацијата, техничките барања, временските ограничувања и други компоненти коишто придонесуваат во реализацијата на проектот“ – вели професорката Вренцоска.

 

За Трајче, од особена важност е истражувањето на графичките елементи, трендови и специфики во козметичката индустрија, уште пред да започне процесот на креирање.

трајче стојанов академија за графички дизајн реални проекти

 

„Дефинитивно повеќе се посветив во процесот на истражување. Со оваа вежба, сфатив колку е битен процесот на истражување пред процесот на креирање. Бидејќи ова ми беше прв проект поврзан со козметика, сакав што е можно повеќе да истражам околу графичките елементи. Самиот процес беше 90% истражување, а потоа процесот на креирање беше многу полесен и позабавен!“ – ни објасни Трајче.

 

За време на реализација на реалниот проект по Графички дизајн, Ана за првпат се соочила со package design каде што работеше на штанца.

 

„Тоа беше процес низ којшто со многу trial and error научив како еден дизајн се аплицира во реален, постоечки продукт. Притоа ми беше навистина забавно да истражувам за cosmetic packaging – како аплицираат различни колор-палети, како еден бренд го создава својот визуелен идентитет и како дизајнот комуницира со потрошувачот“ – вели Ана.

 

ана стојанова реални проекти академија за графички дизајн

 

 

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за графички дизајн
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера! 

 

 

Соработката со менторите

 

Покрај менторката Гордана Вренцоска, која е декан и професор на Факултетот за арт и дизајн, ментор по предметот Графички дизајн е и Влатко Ристов, арт-директор во New Moment New Ideas Company. 

Нашите студенти споделија како нивните искуства со нивните ментори влијаеле на нивниот развој на реалните проекти.

 

„Со менторката Гордана Вренцоска, особено се фокусиравме на истражувањето и развојот на идеи. Нејзиното знаење и искуство беа незаменливи. Со менторот Влатко Ристов, најчесто се консултиравме за изборот на типографија и подготовките за печатење. Неговите конструктивни критики и сугестии за подобрување на нашите почетни концепти придонесоа за создавање на дизајн што не само што изгледа естетски привлечно, туку и е функционален и лесен за репродукција“ – вели Александра.

 

александра реални проекти скала академија за графички дизајн

Менторите играат клучна улога во реализацијата на проектите, бидејќи им го пренесуваат своето знаење и искуство на студентите, што помага да се избегнат грешките во процесот на изработка на проектите.

 

Совет до сите идни студенти на „Скала“

 

Ги прашавме нашите алумни-студенти што би ги советувале своите идни колеги и студенти на „Скала“:

 

„Доколку сте одлучиле да го надополните своето знаење преку некоја од академиите, веќе сте го направиле најголемиот чекор! Вашите идни цели ќе можете да ги остварите само доколку верувате во себеси и храбро се фрлите во оганот. Посветете време на својот индивидуален и креативен развој, експериментирајте со различни техники, стилови, и секогаш опкружувајте се со нешта коишто ве инспирираат“ – им порачува Ана Стојанова на сите идни „скалаџии“.

 

Менторката Вренцоска ги потсетува идните студенти на „Скала“ дека дизајнот е применета уметност, но и наука.

 

„Дизајнот не е површна дисциплина и треба да се изучува посветено и континуирано. Во исто време, бавењето со дизајн е многу креативно, непредвидливо и забавно. Сите идни „скалаџии“ ќе поминат трансформативен процес на учење нови вештини и созревање, што ќе ги однесе чекор поблиску кон остварување на нивните дизајнерски соништа“ – вели менторката Вренцоска.

 

 

Инаку, студентите од Академијата за графички дизајн, во првиот семестар имаат можност да ги следат предавањата по предметите: Естетика и историја на уметност и дизајн, Цртачки и сликарски техники, Фотографија, Постпродукција (Adobe Photoshop), Илустрација (Adobe Illustrator) и Типографија (Adobe InDesign).

Во вториот семестар, студентите имаат предавања по: Графички дизајн, Методологија на дизајн, UX/UI-дизајн (Figma), Дизајн-размислување, Социјални медиуми, Технологија на печат и Кариера и интелектуална сопственост – предмет којшто ги поврзува студентите со индустријата и нивната прва пракса и вработување.

 

 

Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.

 

академија за графички дизајн-скала

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: