Skip to content

Работам со многу брендови и секој ден е предизвик! – На пауза со Бојан Матејин од „Публицис“


Отпочнуваме со една нова рубрика во која сакаме да си помуабетиме со наши алумни студенти и најлежерно им одиме на пауза на работа 🙂

 

Првата пауза му „припадна“ на Бојан Матејин, наш алумни студент на Академијата за визуелни уметности, кој неколку години работи во маркетинг агенцијата „Публицис“. На пауза се симна до локалното кафуле „Концепт 37“ и кулираше, а ние го фоткавме. Го прашавме неколку прашања на кои тој со задоволство и во негов стил ни одговори.

 

 

 

Какво ти е работното искуство досега и што сѐ работиш овде?

Работното искуство сега за сега во „Публицис“ ми е ептен погодено. Мислам дека најголем фактор за тоа и најзадолжени се колегите со кои се зближив најпрвин на другарски начин – а тоа „си повлеквит” брзо и ефикасно завршување на работните задачи. Имам можност да работам на големи светски, но и домашни клиенти и проекти и со тоа секој ден е некој вид на предизвик.

Се работи на ребрендирање или брендирање, организирање на настани, креирање на разни промотивни материјали во дигитална или печатена форма, кампањи, каталози… значи сè. Најубавиот дел од работниот ден ми е afterwork-дружење на тераса или долу во Концепт 37.

 

 

Како ти помогна Академијата за она што го работиш и создаваш денес?

Додека студирав на Академијата за визуелни уметности – тоа беше една од моите поубави години во мојот живот. Би се вратил дефинитивно пак на истото од почеток.

 

 

 

Благодарен сум на академијата затоа што имаше удел во проширување на моите видици кога станува збор за согледување на уметност, согледување на нешто коешто навистина вреди и константно барање начини како да направам нешто поуникатно и оргинално. И секако, благодарен сум затоа што се стекнав со пракса веднаш при завршување на академијата, а потоа и вработување во истата фирма.

Предизвик на работа ти е…

Како што веќе напоменав погоре, секојдневните задачи коишто знаат да ескалираат од „ова не мора денес да биде готово до “те молам прати го за 1 саат, итно им е многу, треба да се печати” – снаоѓање, паничење и работа на мозок со 532км на саат. Преубаво.

Омилен проект на којшто си работел…

Како омилен клиент моментално би го избрал Heineken – но не сум сигурен дека сè уште можам да го откријам проектот на којшто работам. Stay tuned!

 


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

 

https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2023/03/23/5-prednosti-pri-ran-upis-na-akademiite/

 

Разговара: Ана Голејшка Џикова
Фотографија: Ана В’чкова

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: