Првата испитна сесија на Скала – Академијата за моден дизајн не е теоретски тест.
Таа се состои од развој и презентација на авторска модна колекција – проект што ги обединува знаењата стекнати во текот на првиот семестар.
За многумина, ова е првиот момент кога сфаќаат дека модниот дизајн не е само цртање облека, туку процес што вклучува истражување, концепт, структура, техничка изведба и аргументирани одлуки.

Што точно се полага?
Во првата испитна сесија студентите развиваа авторска модна колекција инспирирана од селектирани артефакти од Археолошкиот музеј на Македонија.
Колекцијата се презентира во форма на структуриран collection development book што го документира целиот процес: од истражување и концепт, преку дефинирање целна група, развој на колорна палета и избор на текстил, до силуети, модни илустрации и технички цртежи.
Паралелно, во рамки на предметот „Конструкција на облека“, студентите изработуваат конкретен модел, парче облека, поминувајќи низ целата постапка од кројна основа до финална изведба.
Испитот завршува со презентација пред менторите, каде што студентот ја аргументира својата концептуална и техничка одлука.
Од трема до сцена?
Зборот „испит“ најчесто асоцира на притисок.
Но искуството во Скала има поинаква динамика.
Ана Младеновска вели:
„Испитот на Скала го доживеав многу поразлично од класичен испит. Немаше класично испрашување, туку презентација на тоа што сме го работеле цел семестар.“
Таа ги презентирала двата испитни предмети – модна колекција и конструкција.
За тоа што најмногу ѝ помогнало:„Научив што точно се подразбира под предметот колекција и како од идеја да развијам цела приказна.“
Сандра Камчева додава:
„Преубаво ми беше чувството. За првпат немав трема како на класичен испит.“
Матеа Стојановска го опишува испитот како предизвик:
„Првиот испит во Скала беше за мене предизвик, но и огромна можност да покажам што сум научила.“
Презентацијата бара студентот да ја објасни логиката зад својата колекција – зошто таа инспирација, зошто тие материјали, зошто таа силуета. Тоа е веќе професионална рамка.
Проектот како прва професионална симулација
Испитниот проект не е апстрактна задача.
Тој симулира реална ситуација од модната индустрија.
Матеа вели:
„Менторската поддршка ми помогна да имам јасна насока и да го подобрам секој детал.“
Сандра додава:
„Сите професори ни дадоа позитивни насоки и ни помогнаа да ја развиеме идејата.“
Овој момент е клучен: студентот првпат гледа како различни предмети – историја, илустрација, текстил, конструкција – функционираат како една целина.
Што се учи во првиот семестар?
Во текот на првите месеци, студентите не учат само како да нацртаат модел. Тие учат како да изградат колекција. Првиот семестар опфаќа: историја и теорија на мода, модна илустрација, модна колекција, конструкција на облека и техники на кроење и шиење.
Испитната презентација ги поврзува сите овие сегменти во една целина.
По завршувањето на испитната сесија, студентите не добиваат само оценка – добиваат јасна слика за сопствениот напредок.
Ана вели:
„Бев горда на себе што успеав да го научам и изработам тоа што на почетокот ми изгледаше тешко.“
Сандра:
„Имам јака самодоверба. Сега знам како би пристапила на следен проект.“
Матеа:
„По завршувањето на испитната сесија се чувствувам мотивирано и посигурно во себе.“
Првата испитна сесија ја гради првата професионална самодоверба.
Тоа е моментот кога студентот престанува да се гледа како почетник и почнува да размислува како моден дизајнер.

Што би им препорачале на идните студенти?
Мерал Рустеми вели:
„Колку и да сте ангажирани, Скала ви ја нуди насоката и структурата – искористете ја.“
Нејзината порака е едноставна: системот постои, менторството постои, условите постојат, прашањето е колку си подготвен да вложиш.
Матеа Стојановска додава:
„Би им препорачала да бидат упорни, редовно да работат и да не се откажуваат – резултатите доаѓаат.“
И можеби токму во ова се крие суштината на првиот семестар.
Не е важно само да имаш идеја.
Важно е да ја развиеш.
Да ја конструктивираш.
Да ја презентираш.
И да застанеш зад неа.
А тоа е веќе првата скала, кон моден професионалец.
Често поставувани прашања за Академијата за моден дизајн во Скала:
Дали е потребно претходно искуство?
Не. Првиот семестар е поставен така што студентите постепено ги градат основите – од историја на мода до финална колекција.
Дали по првиот семестар студентот е подготвен за работа?
Првиот семестар создава цврста основа: концепт, структура, конструкција и презентација. Професионалната зрелост се надградува во следниот семестар.
Нашите студенти денес работат во модната индустрија како модни дизајнери, конструктори на облека и стилисти.











